Back Унапредување на правдата, демократијата и човековите права во согласност со европските стандарди во Северна Македонија

СКОПЈЕ 14 ДЕКЕМВРИ 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Унапредување на правдата, демократијата и човековите права во согласност со европските стандарди во Северна Македонија

Силната соработка меѓу властите на Северна Македонија, Европската Унија и Советот на Европа ги промовираше реформите во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права во последните години. Овие реформи се клучни за подобрување на животот на луѓето во Северна Македонија, Европската Унија и Советот на Европа ја потврдија својата посветеност за понатамошна соработка во рамките на заедничката програма „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“.

Ова беше подвлечено на првиот состанок на Управниот комитет на корисници во рамките на третата фаза од програмата, што се одржа денеска во Скопје. На состанокот се собраа клучните засегнати страни и партнери за да разговараат за главните достигнувања од досега спроведените проекти во Северна Македонија, како и за плановите за продолжување на успешната соработка.

Во рамките на третата фаза од програмата, која го опфаќа периодот 2023 – 2026 година, Европската унија и Советот на Европа доделија речиси 4,8 милиони евра за шест проекти во Северна Македонија. Проектите имаат за цел да ја доближат правдата до граѓаните, да ги заштитат правата на затворениците, да ја подобрат ефективноста на борбата против перењето пари и да ја поддржат слободата на изразување и слободата на медиумите во согласност со европските стандарди. Програмата, исто така, ќе продолжи да ги поддржува локалните партнери во борбата против дискриминацијата и трговијата со луѓе.

Во своето обраќање, заменик министерката за надворешни работи на Северна Македонија, Фатмире Исаки, изрази благодарност за континуираната експертска и финансиска поддршка што ја обезбедува програмата. „Имајќи предвид дека Северна Македонија сега го заврши скрининг процесот во рамки на пристапните преговори со ЕУ, важно е да продолжиме да ја продлабочуваме нашата соработка, како и да го задржиме фокусот насочен кон резултати од оваа заедничка програма на Европската унија и Совет на Европа “, рече таа. Понатаму, „флексибилниот и инклузивен пристап на програмата, кој ги вклучува институциите-кориснички и засегнатите страни во реализацијата на проектите во сите шест тематски области е релевантен за домашните клучни реформи во согласност со европските стандарди“, заклучи г-ѓа Исаки.

Амбасадорот Дејвид Гир, Амбасадор на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија кажа во оваа прилика: “Партнерството помеѓу Европската унија и Советот на Европа во целиот Западен Балкан вроди со плод во однос на поставување на стандарди, градење на капацитетите и споделување на експертиза. Се протега на државните институции, но и на граѓанското општество. Сепак, вистинскиот успех ќе зависи од степенот на имплементација и спроведување на стандардите како и од капацитетите кои се користат за промовирање на поголемо почитување на основните права, еднаквоста и владеењето на правото. ”

Преку Horizontal Facility, Советот на Европа, заедно со Европската унија и во тесно партнерство со националните власти, ја поддржуваат Северна Македонија во нејзиниот реформски процес чија цел е да донесе одржливи промени“, рече Клаус Неукирч, директор за координација на програми во Директоратот за координација на програми на Советот на Европа.

Програмата на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ е заедничка иницијатива за соработка, која трае од 2023 до 2026 година. Таа им овозможува на корисниците да ги спроведат своите реформски агенди во областите на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се исполнат европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ. Тековната, трета фаза од програмата, е во вредност од 41 милион евра (85% финансирани од Европската унија и 15% финансирани од Советот на Европа).

NORTH MACEDONIA: First Beneficiary Steering Committee Meeting of the third phase of the Horizontal Facility programme