Зголемувањето на ефикасноста, квалитетот и пристапноста на бесплатната правна помош во Северна Македонија претставува важен приоритет на Европската Унија и Советот на Европа преку заедничката програма Horizontal Facility II. Со цел да им се помогне на локалните власти во нивните напори за поефикасно управување со случаите на бесплатна правна помош, дониран е сервер на Министерството за правда на Северна Македонија. Целта е со серверот да се обезбеди поефикасен систем за управување со случаите и со податоците за бесплатна правна помош. Очекувањата се серверот да биде поддршка за Одделението и за подрачните единици за бесплатна правна помош на Министерството за правда во управувањето со случаите на бесплатна правна помош и на тој начин да придонесе за подобрување на пристапот до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош за граѓаните на Северна Македонија.
Оваа донација беше испорачана во рамките на акцијата "Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија" , која е дел од заедничката програма на Европската унија/Советот на Европа „ "Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019- 2022 година “