Работата во оваа тематска област се фокусира на затворите и полицијата (вклучувајќи ги и човековите права во полицијата, здравствената заштита во затворите и заштитните мерки против тортура и малтретирање), стандардите за човекови права во судството (фокусирајќи се на подобрување на примената на судската пракса на Европскиот суд за човекови права), миграциските прашања, ефикасноста на правосудните системи (со фокус на анализа на судската статистика за оптимизирање на судските администрации) и/или правна соработка (која се концентрира на зголемување на индивидуалната независност на судиите и обвинителите и одговорноста на правосуден систем).

Back Потребите на децата – основа за ресоцијализација и реинтеграција на децата жртви на трговија со деца предмет на дискусија помеѓу клучните учесници и партнери во Северна Македонија

Потребите на децата – основа за ресоцијализација и реинтеграција на децата жртви на трговија со деца предмет на дискусија помеѓу клучните учесници и партнери во Северна Македонија

Мора да се применува холистички, мулти-дисциплинарен пристап кој ги зема предвид најдобрите интереси на детето со цел ефикасна ресоцијализација и реинтеграција на децата жртви на трговија со луѓе. За таков пристап потребни се не само зголемени капацитети, финансии и тимска работа, туку и посветеност на социјална инклузија на овие критични, ранливи деца. Ова беше истакнато на семинарот за потребите на децата – основа ресоцијализацијата и реинтеграцијата на децата жртви на трговија со деца, организиран во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022 и Министерството за труд и социјална политика. На семинарот учествуваа повеќе од 30 учесници/чки од членовите на подгрупата за трговија со дела на Националната комисија за борба против трговијата со деца (Подгрупата), социјални работници/чки, претставници/чки на НВО и други чинители.

Учесниците/чките разменија мислења за бариерите на патот кон ефективна заштита и асистенција на децата жртви на трговија со луѓе така што дискутираа за обезбедувањето психолошка помош, правна помош, недостаток на превод/толкување, достапно сместување, пристап до образование, долгорочен мониторинг на процесот на ресоцијализација и недоволно достапни средства. Важноста на провлекувањето на родовата перспектива низ плановите и програмите за ресоцијализација и реинтеграција беше исто така дел од дискусијата.

 

Претседавачката на Подгрупата, Светлана Цветковска ја истакна важноста на имплементацијата на првиот годишен Оперативен план на подгрупата, чија подготовка беше поддржана од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа, Horizontal Facility II, и проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“, со цел олеснување на процесот на ресоцијализација и реинтеграција.

 

Јулија Планизер, Втора Потпретседателка на Групата на експерти за борба против трговија со луѓе (ГРЕТА), истакна дека согласно Прембулата на Конвенцијата за борба против трговија со луѓе пристапот кој во фокусот ги им правата на децата мора да се применува во борбата против трговијата со луѓе. „За да се намали ранливоста на децата во врска со трговијата со луѓе, мора да има заштитничко опкружување.“ – рече таа. Јулија Планизер потврди дека пропустите во долгорочниот процес на реинтеграција мора да се идентификуваат и да се надминат. Таа истакна дека жртвите кои се враќаат во татковината исто така треба да имаат пристап до стручни обуки, до пазарот на труд, безбедно сместување и контиунирана поддршка за време на нивната рехабилитација и ресоцијализација.

 

Камелиа Димитрова, меѓународна експертка од Фондацијата Дигнита, презентираше најдобри практики и добри примери од Обединетото Кралство, Холандија, Ирска, Германија и Бугарија, во делот на постапката за назначување правни старатели на децата жртви на трговија со луѓе, за избегнување конфликт на интереси и за сигурно делување засновано на најдобрите интереси на детето.

Учесниците/чките споделија добри практики и примери со кои се сретнале во својата работа, меѓу кои и мобилните тимови за борба против трговија со луѓе со кои се подобри идентификацијата на и обезбедувањето помош за децата жртви на трговија со луѓе, психолошките третмани за лечење на траумите предизвикани од трговија со луѓе, обезбедувањето бесплатна правна помош со што на жртвата ѝ се обезбедува паричен надомест, и долгорочниот мониторинг на процесот на рехабилитација и ресоцијализација на децата жртви на трговија со луѓе кој го вршат социјалните работници/чки.

Некои од клучните заклучоци од состанокот се:

  • На децата жртви на трговија со луѓе мора навремено да им се обезбедат услуги и поддршка потребни за нивната добросостојба со цел да се олесни процесот на ресоцијализација и реинтеграција. Најдобрите интереси на детето мора да бидат во прв план.
  • Процената на ризик мора да се прави темелно, врз основа на индивидуалните потреби на детето.
  • Улогата на старателот не смее да се потцени поради недостаток на капацитети и ресурси.
  • Локалните власти мора да бидат вклучени во процесот на ресоцијализација и реинтеграција, бидејќи имаат многу ресурси кои може да се мобилизираат за полесна социјална инклузија.
  • Мора да се обезбеди одржливост на учесниците во процесот и потребните капацитети со цел ефикасен процес на ресоцијализација и реинтеграција.
Скопје 21 септември 2021 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
Проекти под тема 1: Зајакнување на правдата

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.