Back Со Првиот состанок на Управниот одбор отпочнаа активностите од проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“

СКОПЈЕ 26 април 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Со Првиот состанок на Управниот одбор отпочнаа активностите од проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“

Европската Унија и Советот на Европа ќе продолжат да ги зајакнуваат капацитетите на локалните чинители во Северна Македонија за подобро да се адресираат прашања поврзани со антидискриминација, борба против говор на омраза и заштита на правата на ЛГБТИ лицата. Ова беше потенцирано за време на Првиот состанок на Управниот одбор на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, на кој на едно место се сретнаа корисниците и партнерите за да се дискутираат клучните достигнувања на проектот, како и планираните активности за време на третата фаза од програмата „Хоризонтален инструмент“.

Членовите на Управниот комитет вклучуваат преставници од институциите, нашите партнери од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, како и претставници на граѓански организации кои работат на антидискриминација и борба против говорот на омраза.

Состанокот го отвори Стефано Валенти, раководител на Одделението за соработка и борба против говор на омраза кој ги поздрави присутните и им се заблагодари за соработката и заклучи дека токму поради таа соработка резултатите од претходната фаза се постигнати и станаа опипливи и дека конструктивната соработка ќе продолжи и во рамките на овој проект.

Овој проект е фокусиран на активности во областа на антидискриминацијата и борбата против говорот на омраза, а исто така се надоврзува на експертизата на Советот на Европа во овие области, особено на општите препораки на ЕКРИ, како и специфичните препораки, препораките на Комитетот на министри како онаа од минатата година на борба против говорот на омраза.

Присутните ги поздравија и Светлана Цветковска од Министерството за труд и социјална политика и Исмаил Камбери, претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација кои исто така ја споделија својата перспектива околу резултатите од претходната фаза од проектот и разговараа за планираните активности и поддршка во рамките на оваа фаза од проектот.

На средбата беа претставени главните цели на проектот, заедно со планираните активности за претстојниот период, а учесниците имаа можност да го разгледаат и преводот на македонски јазик на Препораката на Комитетот на министри за борба против говорот на омраза кој беше објавен претходниот месец.

Проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“ е дел од „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа, која има за цел да ги поддржи корисниците во Западен Балкан и Турција при процесот на прилагодување на стандардите на Совет на Европа и правната регулатива на Европската Унија во рамките на процесот на проширување, онаму каде што е релевантно.