Работата во оваа област се фокусира на промовирање на слободата на изразување и слободата на медиумите во согласност со европските стандарди. Таа е насочена кон правните професионалци (судии, обвинители, адвокати), полициските власти, регулаторните тела за медиуми и владините тела задолжени за законодавството за медиуми и прашања поврзани со новинарството, како и медиумските актери (новинари, здруженија на новинари, тела за саморегулација, студенти на право и новинарство и други медиумски организации). Темите за заштита на податоците и пристапот до информации од јавен карактер се од особен интерес во рамките на темата заштита на слободата на изразување и на медиумите.

Back Подобрување на соработката помеѓу пратениците/чките и новинарите/ките за поголема одговорност и транспарентност на Собранието на Северна Македонија

Подобрување на соработката помеѓу пратениците/чките и новинарите/ките за поголема одговорност и транспарентност на Собранието на Северна Македонија

Заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа за Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС), во соработка со Здружението на новинари на Македонија, организираа интер-професионален вебинар за новинари/ки и пратеници/чки со цел да разговараат за меѓусебната соработка со цел поголема одговорност и транспарентност на Собранието на Северна Македонија.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г-динот Талат Џафери, во неговото воведно обраќање ги потврди заложбите на Собранието секогаш да биде отворено и достапно за новинарите/ките и за медиумите, со што ќе допрат до граѓаните, невладините организации и меѓународната јавност. Тој ги спомена редовните, месечни брифинзи што ги организира за медиумите и новинарите/ките, кои се организирани дури и за време на пандемијата, како и следните чекори кои ќе ги преземе Собранието во насока на подобрување на транспарентноста во работата. Г-динот Џафери додаде дека оваа соработка е од исклучителна важност за едно демократско општество и дека Собранието треба да работи на подобрување на транспарентност, но и новинарите/ките и медиумите треба да се фокусираат на професионалните стандарди на новинарството кога известуваат од Собранието.

Шефот на Одделот за информациско општество во Советот на Европа, г-дин Патрик Пенинкс, се задржа на важноста и симболиката на врската помеѓу пратениците/чките и медиумите. Тој истакна дека пратениците/чките и Собранието се потпираат на медиумите кои треба да ја пренесат нивната порака и нивните мислења до јавноста. Од друга страна, медиумите имаат важна улога во следењето на работата на пратениците и Собранието, која може да резултира со критичка анализа на нивната работа. Оваа релација е неизбежна во еден повеќепартиски систем во кој медиумите имаат право на слобода на изразување. Во таа смисла, новинарите/ките треба да имаат подобар пристап до пратениците/чките и соодветните објекти, и со прикажување на ознаки или пропусници за меидумите да им биде овозможено послободно движење во рамки на институциите. Работата на новинарите/ките оди во прилог на демократијата.

Овој настан следеше по најновиот документ за јавна политика подготвен во рамките на ЈУФРЕКС, изработено од двајца експерти од новинарскиот сектор, кои ја оценија состојбата на соработката помеѓу пратениците/чките и новинарите/ките. Во него се дадени препораки за подобрувањ на оваа соработка со посебен фокус на унапредување на слободата на изразување преку правната рамка во медиумскиот сектор. Клучните поенти од овој документ беа презентирани и дискутирани на овој вебинар.

Новинарите/ките, пратениците/чките и експерти/ки од Советот на Европа разменија мислења за актуелната состојба со транспарентноста на Собранието на Република Северна Македонија. Беа споделени и добри практики од ЕУ за како да се подобри и зголеми транспарентноста и одговорноста во насока на обезбедување слобода на изразување и право на јавноста да добива информации во едно демократско општество. Врз основа на размената на меѓународни искуства, кои во голема мера се засноваат на постојните стандарди на Советот на Европа, овој вебинар е поддршка на Северна Македонија како земја-членка на Советот на Европа во нејзините заложби кон подобрување на заштитата на новинарите/ките и нивната слобода на изразување, кога станува збор за нивната соработка со пратениците/чките.

Овој вебинар беше организиран во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“, во соработка со партнерската организација Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ).

СКОПЈЕ 1 ОКТОМВРИ 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page