Back Правилникот за дисциплински мерки против осудените лица стапува на сила во Северна Македонија

Состанок на работната група, септември 2019

Состанок на работната група, септември 2019

Започнувајќи од минатата недела Управата за извршување на санкциите на Северна Македонија започна со примена на Правилникот за начинот на постапување на дисциплинската комисија надлежна за наметнување на дисциплински мерки против осудените лица.

Правилникот има за цел да им помогне на властите во Северна Македонија да обезбедат подобра заштита на правата на осудените лица и е резултат на блиската соработка помеѓу заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија” и казнено-поправните установи во Северна Македонија.

Со цел документот да се усогласи со стандардите на Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КСТ), Европските затворски правила, правилата на Мандела и најдобрите европски пракси, во подготвителната фаза беше вклучен меѓународен консултант на Советот на Европа. Правилникот овозможува осудените лица против кои се спроведува дисциплинска постапка да бидат информирани за нивните права и за правните одредби кои ја регулираат целата постапка. Истовремено, правилникот дава соодветни насоки за затворската администрација во врска со составот, мандатот и постапката која ја спроведува дисциплинската комисија.

Ова е еден од петте правилници изготвени како дел од проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, ко-финансиран од страна на Европската унија и Советот на Европа во рамки на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II” која ја спроведува Советот на Европа.

Скопје 22 ЈУНИ 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page