Back Како да се заштитат новинарите и другите медиумски актери? – Водич преведен на македонски јазик

Како да се заштитат новинарите и другите медиумски актери? – Водич преведен на македонски јазик

Hасилството и нападите врз новинарите и понатаму се проблем за земјите-членки на Советот на Европа, вклучително и Западен Балкан. Во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент II – проект „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“, Водичот за спроведување на заштита на новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери е преведен на македонски јазик.

Водичот содржи конкретни мерки кои треба да се преземат од државите со кои ќе се спречат повреди на слободата на медиумите – вклучително и физичко насилство против новинари – со цел ефективна заштита на новинарството и новинарите, и покренување судски постапки за кривични дела сторени против новинари.

Овој водич, кој се базира на Препораката на Советот на Европа CM/Rec(2016)4 за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери им нуди на земјите-членки конкретни одговори на прашањето што може и треба да се направи за да се заштитат новинарите и другите медиумски актери. За таа цел се вклучени примери од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и други извори, истовремено давајќи информации и насоки за државите како да ги исполнуваат нивните обврски, комбинирајќи правни, административни и практични мерки.

За заштита на новинарите, препораката истакнува дека секој пат кога има закани по новинарите, државите треба да усвојат превентивни мерки, како што се полициска заштита или доброволна евакуација на безбедно место.

Проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ е дел од „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција II“, иницијатива за соработка кофинансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа, која им овозможува на корисниците да ги спроведат реформските планови во областите човекови права, владеење на правото и демократијата, и да се усогласат со европските стандарди, вклучително, по потреба, во рамки на процесот на проширување на ЕУ. Преземи Водич на македонски јазик

Преземи Водич на македонски јазиk

 

 

 

Skopje 16 October 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page