Back Ревидирање на постапките за надзор во затворите на Северна Македонија

Скопје 17-18 јуни 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Ревидирање на постапките за надзор во затворите на Северна Македонија

Подобрувањето на постапките за надзор врз казнено-поправните установи (КПУ), како и известувањето од страна на Управата за извршување на санкции (УИС) на Северна Македонија беа во фокусот на работната група, која се состана на 17-18 јуни 2024 во Скопје. Поддржана од меѓународен консултант на Советот на Европа, тимот за надзор на УИС го посети КПУ Штип, по што се дискутираа наодите и можните подобрувања. 

Оваа активност следи по завршената мисија за оценување, како и состанокот со работната група на која се идентификуваа потребните подобрувања на методологијата и правилникот за надзор во казнено-поправните установи, кои се вршат од УИС во сите установи во земјата. Во текот на посетата на КПУ Штип, беше тестирана корисноста на овие подобрувања. Преку овие активности се спроведува Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Северна Македонија (2021-25), изготвена со поддршка на ЕУ и Советот на Европа.

Наведените активности се дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа  Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција, односно проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија”.