Back Зајакнување на капацитетите на надзорните органи во борбата против тероризмот во Северна Македонија

СКОПЈЕ, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 19 - 20 ЈУНИ 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Зајакнување на капацитетите на надзорните органи во борбата против тероризмот во Северна Македонија

Седумнаесет претставници од клучните финансиски надзорни органи во Северна Македонија, вклучувајќи ги Управата за финансиско разузнавање, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување и Управата за јавни приходи беа дел од обуката за борба против финансирање тероризам. Обуката организирана со поддршка на ЕУ и Советот на Европа имаше за цел да го подобри разбирањето на супервизорите за релевантните закони и техники во врска со борбата против тероризмот, да ја подобри идентификацијата и анализата на сомнителните активности и да ја поттикне меѓуагенциската соработка со цел да се оствари усогласеност и безбедност. Оваа активност припаѓа во рамките на континуираната помош на Европската Унија и Советот на Европа за зајакнување на капацитетите на јавните институции во Северна Македонија во нивните напори за спречување и борба против економскиот криминал, вклучително и корупцијата, перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Оваа активност беше организирана од „Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија“, дел од програмата Horizontal Facility for the Western Balkans and Türkiye, кофинансирана од Европската Унија и Советот на Европа, а имплементирана од Советот на Европа.