Back Адвокати и адвокатки од Северна Македонија ги продлабочија своите знаења за решавање на етички дилеми

Северна Македонија 19 јули 2024 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
photo: Shutterstock

photo: Shutterstock

Четириесет и двајца адвокати и адвокатки од Северна Македонија успешно го завршија онлајн курсот на ХЕЛП (Human Rights Education for Legal Professionals) за „Етика на судии, обвинители и адвокати.” Курсот на интерактивен начин ги опфаќа клучните концепти, меѓународната и европската рамка и релевантната судска пракса на Европскиот суд за човекови права и на Европскиот суд на правдата на Европската унија.  Курсот е насочен на продлабочување на знаењата, разбирање на професионалните алатки и развивање на вештини за размислување, врз основа на практични примери, со цел да се разрешат етички дилеми во извршувањето на професионалните должности.

Правните професионалци имаат суштинско и сензитивно место во општеството. Начинот на кој тие се однесуваат директно влијае на довербата на јавноста и на спроведувањето на правдата. Токму затоа, тие се должни да одржуваат највисоко ниво на етичко однесување. Постојат меѓународни стандарди кои даваат насоки за етичко однесување и за фундаменталните принципи на овие професии. Независноста, непристрасноста и интегритетот се столбови на владеењето на правото во една здрава демократија и гаранција за заштита на човековите права. Се смета дека овој курс ќе им помогне на професионалците да ја сфатат суштината и важноста на етиката во спроведувањето на правдата за да имаат корист сите луѓе, овозможувајќи да се идентификуваат клучните концепти и да се разберат суштинските вредности, етички принципи и доблести.

 „Курсот е добро конципиран и поучен. Дава можност за пристап и читање во секое време. Опфатените теми се соодветни а дадените практични случаи ќе ни помогнат во решавање на многу дилеми околу тоа како да постапиме во одредени ситуации со цел да ги исполниме нашите професионални обврски. Содржината на курсот го продлабочува нашето знаење за професионалните алатки кои помагаат за зголемување на свеста за предизвиците во однос на интегритетот на професионалците од областа ма правото, како и за разбирање на заедничките вредности, етички принципи и доблести кои мора да ги поседуваат судиите, обвинителите и адвокатите. Овие обуки претставуваат неисцрпен извор на нови знаења, професионално унапредување и подобрување на личната и на моралната репутација на секој човек“, - изјави еден од адвокатите кои успешно го завршија овој курс.

Други адвокати во својата оцена за курсот спомнаа дека курсот бил одличен, особено релевантен за сите правни професионалци и изразија благодарност до организаторите и до туторите што им овозможија да ги подобрат своите знаења.  

По успешното завршување на курсот, на учесниците ќе им бидат доделени сертификати.

Курсот беше спроведен во соработка со Адвокатската комора на Северна Македонија, со поддршка на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија”, којшто е дел од заедничката програма „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ , како и проектот „HELP in the Western Balkans”, финансиран од Human Rights Trust Fund.