Back Дезинформации и изборни кампањи – предизвици од правен и технички аспект

фотографија: Depositphotos

фотографија: Depositphotos

„Лажни стории кои личат на вести, раширени преку интернет или со помош на други медиуми, вообичаено креирани за да влијаат на политички ставови или како шега“ е дефиниција од речникот на Кембриџ за лажни вести. Измислени, манипулирани, лажни или заблудувачки содржини, лажен контекст или поврзаност, сатира и пародија се различни значења на вирално ширење лажни вести преку интернет и социјали медиуми. Употребата на сите овие форми за да се влијае врз политичкиот дискурс, всушност влијае на формирањето на мислења кај народот.

Во насока на тековната изборна кампања во Северна Македонија како поддршка на еден од корисниците на проектот Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС), Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изданието на Советот на Европа „Дезинформации и изборни кампањи“ беше преведено на македонски јазик и истото е сега достапно онлајн.

Ова издание содржи општ преглед на состојбата со дезинформациите, и од технички и од политички аспект, препораки за справување со наведените правни и технички предизвици, како и програма на мерки кои се однесуваат на дезинформациите и изборните кампањи, кои би можеле да бидат соодветна рамка за справување со предизвиците кои ги наметнува оваа комплексна тема. Земајќи ги предвид сите релевантни аспекти заклучокот е дека без разлика која форма ќе се избере, таа треба да придонесе кон зајакнување на демократијата во Европа и да го поддржи Советот на Европа во неговата должност да обезбеди слободни и фер избори, кои станаа темелен дел од европскиот идентитет и негови уставни вредности.

Проектот Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија – ЈУФРЕКС е дела од заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа „Хоризонтална програма за Западен Балкан и Турција II“, имплементирана од Советот на Европа. Оваа соработка им овозможува на корисниците во регионот да ги исполнат агендите за реформи на полето на човековите права, владеење на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, вклучително и процесот на проширување на ЕУ, онаму каде што е применливо.

 Издание „Дезинформации и изборни кампањи“ 

Скопје 9 јули 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page