Back Националната комисија за борба против трговија со луѓе во Северна Македонија и нејзината Подгрупа за борба против трговијата со деца го унапредуваат стратешкото планирање

Скопје 22 ноември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Националната комисија за борба против трговија со луѓе во Северна Македонија и нејзината Подгрупа за борба против трговијата со деца го унапредуваат стратешкото планирање

Националната комисија за борба против трговија со луѓе во Северна Македонија и нејзината Подгрупа за превенција на трговијата со деца успешно го завршија стратешкото планирање на нивните акциски и оперативни планирања. Тие ќе овозможат унапредено сообразување со препораките на Групата на експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА), поместени во нивниот трет евалуационен извештај за имплементација на Конвенцијата за акција против трговијата со луѓе во Северна Македонија.  

Акцискиот план, поддржан од ЕУ и Совет на Европа, ги прикажува клучните активности, интервенции и очекувани резултати во борбата против трговија со луѓе согласно препораките на ГРЕТА. Тој информира за прогресот во имплементацијата на препораките на ГРЕТА, овозможувајќи и на Националната Комисија понатаму да ги приоритизира своите интервенции и да ја продлабочи својата стратешка улога. Истовремено, служи и како алатка за координација на помошта и поддршката овозможена на институциите против трговија со луѓе од страна на меѓународните организации.

Оперативниот план 2023-2025 на Подгрупата за превенција на трговијата со деца гради врз придобивките од својот претходен имплементиран оперативен план. Подгрупата, исто така, го усвои својот прв Извештај кој ги содржи и нејзините задачи и надлежности, информирајќи за веќе имплементираните активности врз основа на Оперативниот план 2021-2022.

Проектот Јакнење на акцијата против трговијата со луѓе во Северна Македонија” ги поддржува Националната Комисија и нејзината Погрупа во процесот на унапредување на стратешкото планирање согласно препораките на ГРЕТА. Проектот е дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа Хоризонтална програма за Западен Балкан и Турција”, фаза III.