Back Влијание на здравствената криза врз слободата на изразување и слободата на медиумите

Влијание на здравствената криза врз слободата на изразување и слободата на медиумите

Слободата на изразување и слободата на медиумите се еден од приоритетите на Европската Унија и Советот на Европа во Западен Балкан. Заедничкиот проект на ЕУ/СЕ, Слобода на изразување и слобода на медиуми (ЈУФРЕКС) се фокусира на промовирање слобода на изразување и слобода на медиумите во согласност со Европските стандарди.

Целна група за овие проекти се правните професионалци (судии, обвинители, адвокати), полициски службеници, медиумски регулаторни тела и владини тела надлежни за законодавство релевантно за медиумите и новинарските прашања, како и медиумски чинители (новинари, здруженија на новинари, саморегулаторни тела, студенти по право и новинарство и други медиумски организации).

За време на кризата предизвикана од пандемијата КОВИД-19, слободата на изразување и слободата на медиумите се поважни од било кога. Јасно е дека лажните вести и незадоволителното известување за оваа здравствена криза во голема мера придонесуваат за уште поголема социјална криза.

Пред една година, декларацијата усвоена од Комитетот на министри во Хелсинки по повод 70 годишнината на Советот на Европа истакна дека „слободна и плуралистичка јавна дебата е основен услов за демократија и мора да преземеме силни активности за да се одвратиме од неодамнешното влошување на слободата на изразување во Европа“. Работата на Советот на Европа, вклучително и активноста на Платформата за зајакнување на заштитата на новинарството и безбедноста на новинар(к)ите, укажува дека овој тренд не е променет, дури е и далеку од тоа. Овој предизвик бара координарано делување во различни сфери кои влијаат на слободата на изразување.

Извештајот објавен од Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, има за цел да ги истакне областите каде слободата на изразување може да биде на удар во тековните услови и да се повика на применливите стандарди и достапни средства за земјите членки и Советот на Европа да може да се соочат со предизвиците. Преводот на локален јазик ќе придонесе кон подигање на свеста кај населението за процесот кој треба да води до севкупно подобрување на слободата на изразување и слободата на медиумите.

Во рамки на проектот Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија – ЈУФРЕКС 2, изработен е превод на македонски јазик на споменатиот извештај и истиот е достапен за сите заинтересирани. Овој проект е дел од „Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција II”, иницијатива за соработка ко-финансирана од Европската Унија и Советот на Европа, имплементирана од страна на Советот на Европа, со цел да им помогне на корисниците да ги исполнат агендите за реформи во делот на човекови права, владеење на правото и демократијата и да се усогласат со стандардите на Советот на Европа и рамките на процесот на проширување на ЕУ, онаму каде што е тоа применливо.

 Декларација на Комитетот на министри по повод 70 годишнината на Советот на Европа

англиски македонски

 Влијание на санитарната криза врз слободата на изразување и слободата на медиумите – Извештај од Генералната секретарка

англиски македонски

Скопје 21 јули 2020 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page