Back Управување кон слобода на изразување во согласност со Европски стандарди

Скопје 16 април 2024 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Управување кон слобода на изразување во согласност со Европски стандарди

Истакнувајќи ја посветеноста на заштитата на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија, вториот состанок на Управниот одбор во рамки на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС) кој се состана денес во Скопје, ги потврди досегашните постигнувања на проектот и го одобри планот на активности за 2024 година.

Со учество на клучните чинители, меѓу кои претставници/чки на Здружението на новинарите на Македонија, Министерството за надворешни работи, Академијата за судии и јавни обвинители, Адвокатската комора, Регулаторот на медиуми и властите одговорни за заштита на информации и заштита на податоци, како и претставници/чки на ЕУ и на Советот на Европа, на состанокот беа истакнати заедничките заложби за поддршка на Европските стандарди во делот на слободата на изразување како една од клучните демократски вредности.

Меѓу вредните за истакнување постигнувања од првата година на имплементација на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа ПРО-ФРЕКС се деталната анализа на домашната судска пракса на тема слобода на изразување и безбедност на новинар(к)ите наспроти Европските стандарди, како и обука на нови обучувач(к)и на тема слобода на изразување за правните професионалци/ки, изработка на Правилник за пристапност на аудиовизуелни медиумски содржини за лица со попреченост, како и превод на важни Препораки на Советот на Европа за слобода на изразување и заштита и безбедност на новинар(к)ите. Овие активности го трасираа патот за активностите планирани во 2024 година, кои пак ќе се фокусираат на дополнително градење капацитети на правните професионалци/ки, поддршка на Кампањата на Советот на Европа „Новинар(к)ите се важни“ (“Journalists Matter”) за заштита и безбедност на новинар(к)ите како и споделување и имплементација на неодамна усвоената Препорака на Советот на Европа CM/Rec(2024)2 за борба против употребата на стратешки тужби против јавното учество (SLAPPs). Продолжувајќи понатаму, Управниот одбор останува посветен на унапредување на целите фокусирајќи се на Европските стандарди на локално ниво и поддршка на процесот на пристап во ЕУ.

Проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на Европската Унија и на Советот на Евра „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2023-2026“ и има за цел да придонесе кон подобро опкружување за уживање, посебно од страна на новинар(к)ите и медиумските актери, на нивното право на слобода на изразување во поплуралистичко и побезбедно медиумско опкружување во согласност со стандардите поставени со Членот 10 од Европската конвенција за човекови права.