Back Тишината ја убива демократијата – кампања за Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 Мај

Тишината ја убива демократијата – кампања за Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 Мај

Слободни, разновидни и одговорни медиуми се суштината на секоја функционална демократија. 3 Мај, Светскиот ден на слобода на медиумите е потсетник за владите и потребата да ги следат заложбите за слобода на медиумите – „Слободата на изразување, независноста на медиумите и отвореното размислување, наместо контрола на информациите се суштинските принципи кои се основа на европската демократија, која пак ни овозможува да ги надминеме големите предизвици со кои се соочуваат нашите земји“.

Ова е ден за потсетување помеѓу новинар(к)ите и другите медиумски чинители за предизвиците со кои се соочуваат за да ја добијат загарантираната слобода на медиумите, но и да овоможат професионално и етичко новинарство. Еднакво важно, Светскиот ден на слобода на медиумите е ден кога ја искажуваме нашата поддршка за оние медиуми кои се мета на ограничувања, или укинувања, при нивната борба за достигнувавње слобода на медиумите. Ова е ден на кој се оддава почит на оние новинар(к)и кои претрпеле закани, напади и оние кои го загубиле својот живот трагајќи по новинарски приказни. Ова е потсетник дека тишината всушност ја убива демократијата.

Оваа година на 3 Мај, Светскиот ден на слобода на медиумите, заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“ ја започнува кампањата „Тишината ја убива демократијата!“ за подигање на свеста за важноста на овој ден, но и за да се потврдат заложбите на јавните власти при нивното постапување кон овозможување средина која поддржува слободни медиуми.

Предизвиците во медиумската средина со појавата на КОВИД-19 добија нова димензија. Земајќи го предвид фактот дека светот повеќе од една година живее во ‘време на пандемија’, од огромна важност е да посегнеме по мерки кои даваат ефективен одговор на кризата, но не ги потиснуваат основните европски вредности на демократијата, владеењето на правото и човековите права. Во таа насока, Комитетот на експерт(к)и за медиумска средина и реформи (МСИ-РЕФ) при Советот на Европа издаде Изјава за слобода на изразување и информирање во време на криза (Statement on freedom of expression and information in times of crisis) каде се истакнува улогата на сигурното новинарство и независните медиуми, како и неограничениот пристап до информации, при обезбедувањето точни и проверени вести и информации, и борбата против гласини и дезинформации. Комесарката за човекови права Дуња Мијатовиќ исто така истакна дека „Слободата на медиумите не треба да биде поткопана со мерки за борба против дезинформации за КОВИД-19“ (“Press freedom must not be undermined by measures to counter disinformation about COVID-19”). Креирана е и посебна веб страна за Медиуми во време на здравствена криза (Media in times of a health crises) каде се групирани релевантните објави и насоки на Советот на Европа.

Сепак, и покрај сите напори да се обезбеди средина која поддржува слободни медиуми, новинар(к)ите и понатаму се главна мета поради нивната работа. Наместо да се вистински ‘чувар(к)и’ на демократијата, плашејќи се за своето физичко и ментално здраје, на новинар(к)ите најмногу им влијае така наречениот ‘ефект на обесхрабрување/заплашување’ (‘chilling effect’). Овој ‘ефект на обесхрабрување/заплашување’ е резултат на долгата традиција на неказнување за кривични дела сторени против новинар(к)и. Така, во април 2016 година, Комитетот на Министри при Советот на Европа ја усвои Препораката CM/Rec(2016)4 за заштита на новинарството и безбедност на новинар(к)ите и другите медиумски актери, со која се охрабруваат земјите-членки да ја зајакнат заштитата на новинар(к)ите работејќи врз основа на четири столба: превенција, заштита, гонење (вклучително и посебен фокус на неказнивост) како и промовирање на информации, едукација и подигање на свеста. Особено, Препораката ја нагласува потребата од навремено гонење на сторител(к)ите на злосторства против новинар(к)и борејќи се така против неказнивоста и спречувајќи злосторствата врз новинар(к)ите да имаат „ефект на обесхрабрување/заплашување“ врз слободата на изразување.

Советот на Европа објави и Водич за спроведување на Препораката CM/Rec(2016)4. Водичот им обезбедува на земјите-членки конкретни насоки на дејствување за заштита на новинар(к)ите и другите медиумски актер(к)и за да се стави крај на неказнивоста. Конкретно, Водичот има за цел да ги поддржи земјите-членки во изготвувањето на национални планови на активности за безбедноста на новинар(к)ите, осигурувајќи се дека овие планови имаат приоритети засновани на итност и се дополнети со соодветни ресурси за нивно спроведување.

ЈУФРЕКС 2 е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II“, која им овозможува на корисниците да ги спроведат реформските планови во областите човекови права, владеење на правото и демократијата, и да се усогласат со европските стандарди, вклучително, по потреба, во рамки на процесот на проширување на ЕУ.

 

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 3 Мај 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page