Back Унапредување на инклузивноста на медиумските содржини во Северна Македонија

Скопје 13 март 2024 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Унапредување на инклузивноста на медиумските содржини во Северна Македонија

Лицата со попреченост имаат право да уживаат во содржините на аудиовизуелните медиуми. Во таа смисла, денес во Скопје, со поддршка на ЕУ и Советот на Европа, се одржа јавна презентација на нацрт Правилникот за пристапност на аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ) за лица со попреченост. Со оваа презентација се означи почетокот на 90 дена јавна расправа со цел усвојување на крајната верзија на Правилникот.

Измените и дополнувањата од 2018 година на (2010/13/ЕУ) Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), ги истакнуваат обврските на давателите на АВМУ да испорачаат пристапни содржини за лица со сензорна попреченост. Директивата сега го потенцира императивот за ЕУ земјите-членки и кандидати за членство за брз напредок кон зајакнување на мерките, со што се гарантираат основните права од Повелбата на Европската Унија за основните права.    

Измените и дополнувањата од 2023 година на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја демонстрираат посветеноста за усогласување на правната рамка со стандардите од Директивата за АВМУ и за зајакнување на одредбите за пристапност. Имено, измените и дополнувањата го прошируваат обемот на аудиовизуелни медиумски услуги така што ги вклучуваат телевизиските програми и услугите на барање, а нацрт Правилникот ги опфаќа сите медиумски услуги, вклучително и радио услугите, осврнувајќи се на содржината и застапеноста.

Нацрт Правилникот, изработен од консултантка на Советот на Европа во соработка со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Северна Македонија, ги наведува обврските за радиодифузерите и давателите на АВМУ за обезбедување универзална пристапност. Во текот на презентацијата, консултантката на Советот на Европа сподели разни алатки и методологии од други европски земји со кои би се направила содржината пристапна, примарно за лица со сензорна попреченост. Претставникот од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го презентираше нацрт Правилникот, достапен на македонски јазик, со што започнаа 90-те дена јавна расправа. Во текот на овој период, се повикуваат сите чинители да дадат свое видување, придонес и предлози, со што заеднички ќе се подобри финалниот текст на Правилникот.

Оваа јавна презентација беше организирана во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС), како дел од програмата Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција.