Back СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЈА РАТИФИКУВАШЕ КОНВЕНЦИЈАТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА ПРИСТАП ДО ОФИЦИЈАЛНИ ДОКУМЕНТИ

Северна Македонија 22 август 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЈА РАТИФИКУВАШЕ КОНВЕНЦИЈАТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА ПРИСТАП ДО ОФИЦИЈАЛНИ ДОКУМЕНТИ

Собранието на Република Северна Македонија, на својата 12-та седница одржана на 13 август 2024, го донесе Законот за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи позната како Тромсо Конвенцијата. Со нејзиното донесување, Република Северна Македонија станува 16-тата земја која ја има ратификувано оваа Конвенција.

Тромсо Конвенцијата (CETS бр. 205), донесена на 18 јуни 2009 година во Тромсо, Норвешка, е клучен правен инструмент кој се фокусира на правото на јавноста на пристап до официјални документи. Пандемијата КОВИД-19 дополнително ја потенцираше потребата од  транспарентност во процесот на донесување одлуки, распределување на срества, и потребата од брз пристап до податоци поврзани со здравјето и јавните набавки.

Досега Конвенцијата ја имаат ратификувано и истата има влезено во сила во 15 земји: Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Естонија, Финска, Унгарија, Исланд, Литванија, Црна Гора, Норвешка, Република Молдавија, Словенија, Шпанија, Шведска и Украина.

Тромсо Конвенцијата е првиот обврзувачки меѓународен правен инструмент кој го признава правото на пристап на секое правно и физичко лице до официјалните документи што ги поседуваат јавните органи, без дискриминација и без оглед на статусот или мотивите на страната која бара пристап до информации од јавен карактер. Конвенцијата ги поставува минимални стандарди за брза и правична постапка на барањата за пристап до официјалните документи, како и за внатрешни административни ревизии и жалби поднесени до независните органи или судови во случај на одбивање на барањата за пристап до информациите од јавен карактер.

Постапката за ратификација на Тромсо Конвенцијата од страна на Северна Македонија започна со поддршка на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа, “Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија” (ЈУФРЕКС), имплементиран во рамките на програмата Horizontal Facility II, по мошне успешниот настан во рамките на Иницијативата 2020. Понатаму процесот се следеше и поддржуваше во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility III), и проектот Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија – ПРОФРЕКС.