Back Адвокати во Северна Македонија го следат HELP курсот за борба против трговија со луѓе

Адвокати во Северна Македонија го следат HELP курсот за борба против трговија со луѓе

Во соработка со Адвокатската Комора на Северна Македонија, проектот за Спречување и борба против трговија со луѓе од заедничката програма Хоризонтален Инструмент на ЕУ и Совет на Европа го започна онлајн курсот за борба против трговијата со луѓе за правните професионалци со цел тие подобро да ги разбираат случаите на трговија со луѓе и пристапот до правда на жртвите. 50 адвокати се регистрираа и се очекува да го следат овој курс до почетокот на јули 2020.

Адвокатите имаат стратешка можност да ги искористат своите вештини за да им помогнат на жртвите, да спроведуваат критички истражувања и да бараат обесштетување. Подигањето на свеста за ова прашање и обезбедувањето обука за адвокатите ќе им овозможи на жртвите на трговија со луѓе да бидат третирани како жртви, а со тоа да добијат и заштита, рече г-ѓа Јелена Ристиќ, тренер и претставник на Адвокатската комора.

Онлајн курсот е изработен врз основа на стандардите опфатени во Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе и е развиен во рамките на Програмата на Советот на Европа за образование на човекови права за правни професионалци (HELP). Курсот истражува различни прашања низ перспективата на човековите права, вклучувајќи ги правните концепти, идентификацијата и помошта на жртвите на трговија со луѓе, принципот на не казнување, истрага, гонење и прашањето за обештетување. По успешното учество, сите учесници ќе добијат сертификат за стекнатото знаење.

Онлајн курсот HELP е организиран во рамките на заедничката програма на ЕУ / Совет на Европа Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II - „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“, спроведена од Советот на Европа, со поддршка на HELP одделението на Советот на Европа (Образование за човекови права за правни професионалци - HELP).

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 26 Maj 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page