Back Адвокати и правници го завршија курсот на HELP за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза на македонски јазик

Скопје 26 МАРТ 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Адвокати и правници го завршија курсот на HELP за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза на македонски јазик

43 адвокати, адвокатки, правници и правнички од Северна Македонија успешно го завршија HELP курсот за борба против говор на омраза и злосторства од омраза на македонски јазик.

Преведениот курс на HELP за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза на македонски јазик со адвокати, адвокатки, правници и правнички од Северна Македонија, минатата година беше промовиран во Скопје, со цел да ги зајакне вештините и капацитетите на адвокатите и правниците во областа на говорот на омразата и злосторствата од омраза. Подигнувањето на нивните капацитети во овие области директно придонесува за зајакнување на правната заштита и поддршка на жртвите на говор на омраза и злосторства од омраза.

Овој курс на HELP доаѓа како продолжение на одличната соработка на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа за „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“ и проектот „HELP на Западен Балкан“ со Адвокатската комора на Северна Македонија. Во текот на изминатите неколку години, околу 175 адвокати, адвокатки, правници и правнички ги зголемија своите вештини за различни теми преку учество на заеднички спроведени курсеви на HELP кои покриваат клучни теми како што се антидискриминација и борба против расизмот, хомофобијата и трансфобијата итн.

Спроведувањето на е-курсот HELP за борба против говорот од омраза и злосторствата од омраза на македонски јазик беше поддржан од проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, кој е дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа - „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“ и проектот „HELP на Западен Балкан“.