Back Европската Унија и Советот на Европа организираат тематска дискусија: „Поддршка за новинарскиот интегритет: Заштита на новинар(к)ите и медиумските актери во Северна Македонија“

Скопје 15 април 2024 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Европската Унија и Советот на Европа организираат тематска дискусија:  „Поддршка за новинарскиот интегритет: Заштита на новинар(к)ите и медиумските актери во Северна Македонија“

Во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС), на 17 април 2024 година во хотелот Александар палас, ќе се одржи тематска дискусија „Поддршка за новинарскиот интегритет: Заштита на новинар(к)ите и медиумските актери во Северна Македонија“.

На настанот ќе учествуваат клучните чинител(к)и од медиумската индустрија, претставници/чки од релевантни јавни институции, граѓански организации и меѓународни партнери кои ќе бидат дел од конструктивниот дијалог и ќе ги разгледуваат можните решенија за зголемувањето на стратешките тужби против јавното учество (SLAPPs) во Северна Македонија.

Тематската дискусија ќе ја отворат:

  • Олег Солдатов, Раководител на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје
  • Алина Татаренко, Раководителка на Одделот за соработка и градење капацитети на тема слобода на изразување
  • Драган Секуловски, Извршен директор на Здружението на новинарите на Македонија.

Настанот е со почеток од 10.30 часот и истиот е отворен за медиуми. За пристап до некои од сесиите ќе биде потребна и новинарска легитимација.

 

 

Програма за настанот

За повеќе информации и прашања од медиуми:

Симона Трајкоска; тел. +38971209050;

Бесник Бака; tel. +355692178430