Back Поддршка за проактивната транспарентност и пристапот до информации во Северна Македонија

Скопје 22 април 2024 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Поддршка за проактивната транспарентност и пристапот до информации во Северна Македонија

Секој има право на слобода на изразување. Ова право вклучува слобода да се има мислења и да се примаат и споделуваат информации и идеи без мешање од јавните власти и без оглед на границите. – став 1, член 10 од Европската конвенција за човекови права.

Со цел обезбедување проактивна транспарентност и слободен пристап до информации од јавен карактер, во просториите на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје се одржа состанок со кој се одбележа почетокот на изработката на Анализа на судската пракса на Управниот суд и Вишиот управен суд во рамки на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (2019-2023).

Целта на оваа Анализа, поддржана од ЕУ и Советот на Европа, е да се соберат и анализираат репрезентативни примероци на предмети од горенаведените домашни судови. Во текот на состанокот, претставници/чки на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер (во понатамошниот текст: Агенцијата), како партнер во оваа активности, и консултант(к)ите на Советот на Европа дискутираа за методологијата, содржината и очекуваните резултати од Анализата. Во текот на дискусијата, г-дин Петар Гајдов, Државен советник за соработка со иматели на информации, меѓународна соработка и проекти во Агенцијата, рече: „при изработка на оваа анализа важно е да се увиди и да се земе предвид балансот помеѓу приватните и јавните информации, односно приватниот и јавниот интерес.“.

Консултант(к)ите на Советот на Европа, во соработка со Агенцијата, ќе направат анализа на избрани репрезентативни примероци на случаи по усвојувањето на новиот Закон за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, од 2019 година. Анализата, што се очекува да биде изработена до крајот на оваа година, треба да понуди клучни наоди и препораки за подобрување на слободниот пристап до информации од јавен карактер и да идентификува соодветни измени на домашната законска рамка.

Оваа активност е имплементирана во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС), кој е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, кој им овозможува на Корисниците да ги исполнат своите реформски агенди во полето на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди.