Back Најдобрите хрватски практики за антидискриминација споделени со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

ЗАГРЕБ 13 – 15 ноември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Најдобрите хрватски практики за антидискриминација споделени со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Претставници од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се сретнаа со своите колеги од Република Хрватска за време на студиската посета која имаше за цел да споделат искуства и да дознаат повеќе за нивниот пристап во однос на превенцијата и заштитата од дискриминација.

Состаноците што се одржаа во Загреб беа фокусирани на правната рамка, обработката на жалбите и случаите, вклучително и судските процеси, како и практиките за собирање и обработка на податоци. Соработката со други институции и спроведувањето на Директивите на ЕУ, препораките на ЕКРИ и другите европски стандарди беа исто така дел од дискусиите.

За време на студиската посета, претставниците на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од Северна Македонија се сретнаа со претставници од Народниот правобранител на Хрватска, Народниот правобранител за родова еднаквост и Народниот правобранител за лица со попреченост, меѓу кои и Тена Шимоновиќ Ајнвалтер, народната правобранителка на Хрватска, Кристијан Кнежевиќ, заменик на народната правобранителка за родова еднаквост и Мира Пекеч Кнежевиќ, заменичка на народниот правобранител за лица со попреченост.

Студиската посета беше организирана со поддршка на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“ во насока на зајакнување на капацитетите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и понатамошна поддршка на работата на телата за еднаквост во Северна Македонија.

Оваа активност е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа.