Back Советот на Европа ја потврдува посветеноста на унапредување на поддршката на ЛГБТИ правата и слободата на изразување

Скопје 14 јуни 2024 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
photo: Shutterstock

photo: Shutterstock

Парламентарното собрание на Советот на Европа (PACE) ја потврди поддршката за основните права на слобода на изразување и собирање за ЛГБТИ луѓето во државите членки. На својот последен состанок PACE ја одобри Резолуцијата 2543 (2024) за слобода на изразување и здружување на ЛГБТИ лицата во Европа, повикувајќи го државите членкии набжудувачи да ги имплементираат пресудите на Европскиот суд за човекови права за ЛГБТИ правата, да ги отповикаат дискриминаторските закони, и да стават на сила анти-дискриминаторска легислатива. Исто така ги поттикнува властите да ги осудат и да ги гонат случаите на насилство од предрасуди и да ја подобрат видливоста на ЛГБТИ.

„Ова се основни човекови права кои му припаѓаат на секое лице, и секое лице треба да ги ужива еднакво и во безбедно опкружување, онака како што гарантира Европската конвенција за човекови права“, се наведува во Резолуцијата.

За време на последниот состанок на PACE парламентарците ги осудија нападите на правата на ЛГБТИ во државите членки, истакнувајќи ги случаите со откажани или неовластени ЛГБТИ настани и спроведување на закони за „анти-ЛГБТИ пропаганда“. Тие истакнаа дека таквите активности придонесуваат кон стигматизација и невидливост на ЛГБТИ луѓето, правејќи ги поподложни на повреди на човековите права.

Во борбата против насилството и дискриминацијата, Собранието ги повикува државите членки да се залагаат за исфрлање на конверзионата пракса*, да инвестираат во образование за родова еднаквост и да поддржуваат инклузивно сексуално и емоционално образование во училиштата. Исто така важно е и обучувањето на органите за спроведување на законите со цел заштита на ЛГБТИ групите и овозможување правно препознавање на родовиот идентитет.

Во чест на јуни – Месецот на гордоста во Северна Македонија и претстојната 5та Парада на гордоста во Скопје на 22 јуни, Резолуцијата 2543 (2024) за Слобода на изразување и собирање на ЛГБТИ луѓето во Европа е сега достапна на македонски јазик. Преводот на овој документ е направен во рамки на проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС), кој е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“.

 

* Практиките на конверзија се користат како чадор термин за опишување на интервенции од широка природа, од кои заедничко е верувањето дека сексуалната ориентација или родовиот идентитет и изразување на една личност (SOGIE) може и треба да се менува или потисне. Таквите практики имаат за цел (или тврдат дека имаат за цел) да ги променат луѓето од геј, лезбејки или бисексуалци/ки во хетеросексуалци/ки и од транс или родово различни во цисродови.