Back „Можност или експлоатација“ нова кампања за подигање на јавната свест за трговија со луѓе заради трудова експлоатација во Северна Македонија

„Можност или експлоатација“ нова кампања за подигање на јавната свест за трговија со луѓе заради трудова експлоатација во Северна Македонија

„Можност или експлоатација “– кампањата која ги објаснува проблемите со трговијата со луѓе заради трудова експлоатација на млади и невработени лица, отпочна во Северна Македонија. Иницијативата за подигање на свеста ќе продолжи до 31 октомври и има за цел да ја спречи трговијата со луѓе преку предупредување на јавноста и ранливите групи за постоење на лажни огласи за вработување / регрутирање преку измама со цел експлоатација.

Поддржана од страна на програмата на ЕУ и на Советот на Европа - Хоризонтален инструмент, а имплементирана од страна на НВО Отворена Порта, членка на меѓународната мрежа за борба против трговија со луѓе Ла Страда , кампањата има посебен фокус на тоа како да се препознаат лажни понуди при потрага по работа во земјата и во странство.

„ Постепено ќе објавуваме на социјалните медиуми и ќе емитуваме материјали за подигање на јавната свест, кои ќе вклучуваат видеа на македонски и англиски јазик, информации за ризиците од трговија со луѓе заради трудова експлоатација, избрани дизајни на постери кои овозможуваат визуелизација на феноменот и јасни упатства за тоа како да се заштитиме себе си од трговија со луѓе заради трудова експлоатација “- рече Стојне Димишковска , претставник на невладината организација Отворена порта.

 

Кампањата за подигање на јавната свест "Можност или експлоатација", имплементирана од страна на Отворена порта , е поддржана преку грант во рамките на проектот „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“. Овој проект е дел од заедничката програма на Европската унија / Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022“.

 

ЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 11 СЕПТЕМВРИ 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page