Кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ која има за цел да му се спротистави на феноменот на говор на омраза на Западен Балкан, започна минатиот декември на социјалните мрежи, а сега се префрла на локално ниво. Кампањата вклучува важни јавни личности во мисијата за борба против говорот на омраза, особено кон припадници на ранливи групи, кои веќе се погодени од стигматизација и дискриминација за време на пандемијата на КОВИД-19.
Почнувајќи од јуни, ќе започне организацијата за тоа активностите за подигање на свеста и промоционалните производи да допрат до заедниците и луѓето на Западен Балкан. За да ја воведеме кампањата во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, нашите први амбасадори против говор на омраза, истакнати личности од јавната сцена на Западен Балкан, ни се придружија на движењето.
Горди сме да ги претставиме нашите први Амбасадори: Албан Скендерај, пејач од Албанија, композитор, актер, продуцент и телевизиска личност; Едо Маајка, рапер од Босна и Херцеговина, музички продуцент и текстописец, Ута Ибрахими, позната алпинистка од Косово, Данка Ковиниќ, професионална тенисерка од Црна Гора, Влатко Стефановски, виртуоз на гитара од Северна Македонија кој прави фузија на етно-рок и џез звукот и Сара Јо, пејачка од Србија.
Тие ќе бидат предводници на нашата кампања, поддржувајќи ги активностите и иницијативите за подигање на свеста во регионот, па така ве повикуваме и вас, да им се придружите во ова движење, да ги запознаете лично преку нашите активности и да ги споделите нивните моќни пораки. Тие ги здружија своите гласови за да ги поттикнат сите да не се кријат и да молчат, туку да се вклучат и да се посветат на тоа да се срушат ѕидовите на омразата и да се изградат нови темели на љубов и почит.
Доаѓајќи од различни лични и професионални полиња, различни националности и верувања, тие сите споделуваат една заедничка порака, порака за почит, различност и толеранција. Тие ѝ се придружија на кампањата затоа што веруваат дека можат да направат промена кон создавање на поинклузивно и поеднакво општество. Затоа што тие веруваат во основните вредности на човечкото достоинство, слобода и еднаквост, принципи кои денес се темелот на Европа.
Ние сме благодарни што Албан, Едо, Ута, Данка, Влатко и Сара ни се придружија во нашата мисија, затоа што веруваме дека заедно можеме да ја блокираме омразата и да споделиме љубов!
Погледнете ги видео пораките на амбасадорите против говор на омраза
Кампањата ќе продолжи да се одвива на профилите на кампањата на Facebook, Twitter и Instagram . Придружете ни се во нашите напори да се осигураме дека љубовта секогаш ќе победува во нашето општество.
Кампањата е спроведена во рамки на проектот „Промоција на различноста и еднаквоста на Западен Балкан“, која е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, спроведена од Одделот за анти-дискриминација на Совет на Европа.
. . . . . . . . . . . . .*Ова назначување не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на ОБСЕ и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.