Back Прирачник за полициска едукација за еднаквост и недискриминација: Нова алатка за обучувачи на полициски службеници на Западен Балкан

Западен Балкан 23 АПРИЛ 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Прирачник за полициска едукација за еднаквост и недискриминација: Нова алатка за обучувачи на полициски службеници на Западен Балкан

Прирачникот за полициска едукација за еднаквост и недискриминација на сите јазици од Западен Балкан е конечно објавена и достапна за бесплатно преземање.

Спроведувањето на правото игра клучна улога при борбата против расизмот и расната дискриминација и промоцијата на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Во овој поглед, треба да се одржуваат високи стандарди на професионализам и правичност. Добро обучените полициски службеници и службенички, што можат да им дадат поддршка на жртвите на злосторства од омраза, се придобивка за секоја заедница.

Со цел да се поддржи спроведувањето на правото и законите во заштитата на општествата во сета нивна различност и сложеност, „Прирачникот за полициско образование за еднаквост и недискриминација“ е прилагоден на полициските обучувачи, институциите за обука на полицијата или клучните полициски партнери, вклучително и општинските власти, невладините организации, специјализирани даватели на услуги во заедницата. Прирачникот обезбедува методи за обука, вежби и практични активности за планирање и спроведување на ефективни програми за обука на полициските службеници.

Преку шест модули, напишани од експерти од областа, Прирачникот допира различни теми. Тој дава преглед на главните концепти и принципи за еднаквост и недискриминација, вклучително и „расизам“, „директна и индиректна дискриминација“ и „злосторства од омраза“. Прирачникот исто така истражува како да се развијат отворени, проактивни, конструктивни и позитивни односи со локалните заедници кои се засегнати од прашањата за еднаквост, разноликост и недискриминација во полициското работење.

Овој прирачник е производ на заедничката програма на Европската унија и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ и проектот „Промовирање на еднаквоста и борба против расизмот и нетолеранцијата на Западен Балкан“.

 

 Прирачник за полициска едукација за еднаквост и недискриминација на македонски јазик

 Прирачник за полициска едукација за еднаквост и недискриминација на албански јазик

 Прирачник за полициска едукација за еднаквост и недискриминација на босански јазик