Back Донирана опрема за работна терапија и стручна обука во 4 казнео-поправни системи на Западен Балкан

Донирана опрема за работна терапија и стручна обука во  4 казнео-поправни системи на Западен Балкан

 

Казнено -поправните системи во Косово*, Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина добиа донација на различна опрема насочена кон подобрување на обезбедувањето на работна терапија и зајакнување на капацитетите на стручните работилници (септември 2021 година). Главната цел на донацијата е да се поддржи проспектот за рехабилитација на осудени лица насилни екстремисти (ОЛНЕ), радикализирани затвореници или други маргинализирани групи во затворите кои се изложени на ризик од радикализација.

Зајакнувањето на способноста на затворските системи да понудат и имплементираат програми што го поттикнуваат учеството и вклучувањето на затворениците во значајни активности, ќе им овозможи да научат нови вештини и да се подготват за живот по издржување на казната. Придобивките од професионалните терапии за стручно оспособување се многу, им помагаат на осудениците за нивна реинтеграција во заедницата, им даваат чувство на достигнување, им даваат увид во изборот на начин на живот и имаат севкупно позитивно влијание врз менталното здравје.

Акцијата ќе ја прошири својата поддршка во текот на есента и за Албанија и Црна Гора, во согласност со идентификуваните специфични потреби на ОЛНЕ.

Поддршката за реализција на малите набавки беше овозможена во рамките на Акцијата „Јакнење на пенитенцијарните капацитети за справување со радикализацијата во затворите на Западен Балкан“, која е дел од заедничката програма „Horizontal Facility за Западот Балкан и Турција (2019-2022)“, со цел зајакнување на регионалната безбедност преку подобрување на меѓуинституционалната размена на знаења и добри практики во регионот во врска со радикализацијата во затворите.

 

 

 

* Оваа ознака не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Обединетите нации и мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово

Западот Балкан 30.09.2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page