Back Младите европски амбасадори испратија гласна и јасна порака од Будимпешта: Да кажеме НЕ на омразата!

БУДИМПЕШТА, УНГАРИЈА 17 – 19 ЈАНУАРИ 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Младите европски амбасадори испратија гласна и јасна порака од Будимпешта: Да кажеме НЕ на омразата!

Повеќе од 50 Mлади европски амбасадори (YEA) се запознаа со методите за ефикасно справување со говорот на омраза и дискриминацијата. Ова ќе им овозможи на Младите европски амбасадори да направат разлика во нивните заедници преку промоција на еднаквост и разноликост, ултимативно придонесувајќи во борбата против говорот на омраза и дискриминацијата на интернет, но и вон него.

Во просториите на Европскиот младински центар во Будимпешта, Младите европски амбасадори од Западен Балкан и регионот на Источното партнерство учествуваа на обуката „Промовирање на еднаквост и недискриминација и борба против говорот на омраза“. Како продолжение на е-обуката одржана во 2023 година, тие го продолжија своето надоградување и учењето за клучните концепти за човекови права, недискриминација, борба против омразата и создавање спротиставени наративи на говорот на омраза, помогнати од тимот на Советот на Европа и Европската унија, како и експерти.

Беше претставена и работата на Советот на Европа и телата на Советот на Европа, особено на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ). На учесниците им беа дадени совети за комуникацијата и терминологијата поврзана со човековите права кои тие би можеле да ги користат во нивната комуникациска работа. Работата на полето на недискриминација и борбата против говорот на омраза од претходната генерација на Младите европски амбасадори на Западен Балкан беше претставена за да ги инспирира учесниците од регионот на Источното партнерство и Западен Балкан. Од 2020 година, првата група на Млади европски амбасадори се приклучи на „Блокирај ја омразата. Сподели љубов“, иницијатива за подигање на свеста спроведена во рамките на програмата „Хоризонтален инструмент“, како и други важни активности за борба против говорот на омраза и дискриминација спроведена како дел од претходните фази на регионалните програми.

Програмата „Млади европски амбасадори“ е иницијатива на Европската Унија, за создавање и развој на мрежа за споделување вештини, идеи и промовирање на вредностите и можностите на ЕУ меѓу младите. Во овој контекст, нивната улога во поддршката на борбата против говорот на омраза и развојот на спротиставени наративи во согласност со европските вредности и стандарди е фундаментална во процесот на унапредување на еднаквоста и различноста во регионите на Западен Балкан и Источно партнерство.

„Младите европски амбасадори“ ќе продолжат да бидат гласни против говорот на омраза и дискриминацијата, користејќи спротиставени наративи да кажат НЕ на омразата и дискриминацијата и ДА за човековите права и еднаквоста, правејќи ги нивните заедници поразновидни и еднакви.

Овој настан е дел од проектот „Промовирање на еднаквост и недискриминација: кон поотпорни и поинклузивни општества“ и проектот „Промовирање на еднаквоста и борба против расизмот и нетолеранцијата на Западен Балкан“, кои се дел од заедничките програми на Европската унија и Советот на Европа, „Партнерство за добро владеење“ и „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ .