Back Здравствените работници кои работат во затворите на Северна Македонија обучени за ментално здравје

Скопје 22 јануари 2024 год.
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Здравствените работници кои работат во затворите на Северна Македонија обучени за ментално здравје

Дванаесет лекари и здравствени работници кои работат во седум казнено-поправни установи во Северна Македонија го унапредија своето знаење за ментално здравје во затворите и дозирање на психијатриски лекови, преку обуката одржана на 22 јануари 2024 год. Освен лекарите кои работат во амбулантите на затворите, меѓу учесниците имаше и психијатри од заедницата кои ги посетуваат затворите, како и лекари од тимовите на итна помош.

Обуката, водена од поранешен член на Комитетот за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, се фокусираше на дозирањето на психијатриски лекови и управување со пациентите, како и спречувањето на самоубиства. Неодамна усвоените Стандардни оперативни процедури за обезбедување ефективна здравствена заштита во затворите беа дискутирани со практичарите, со оглед на нивното искуство во аплицирање на овие процедури.

Затворите во Северна Македонија имаат сериозен недостаток на здравствени работници и специјалисти по ментално здравје, со што се зголемува потребата за обучување на постојните вработени. Советот на Европа, со поддршка на Европската Унија, останува единствена меѓународна организација која работа со здравствените работници кои работат во казнено-поправните установи.

Овој состанок беше организиран во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа  Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција – Фаза III, односно проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија”.