Back Проширена листата на обучувачи за слобода на изразување од Северна Македонија

Проширена листата на обучувачи за слобода на изразување од Северна Македонија

Првата (онлајн) обука се одржа со судии/јки, обвинител(к)и и адвокат(к)и од Северна Македонија, со цел споделување знаење и алатки на полето на слобода на изразување за зајакнување на нивните капацитети како обучувачи и подобрување на примената на членот 10 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) во судксиот систем.

Обуката имаше за цел да ја прошири мрежата на локални правни професионалци кои се обучени како идни обучувачи за слобода на изразување и поврзани теми и кои ги зајакнуваат капацитетите на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија како институција за обуки која во иднина ќе продолжи со едукација и поддршка кон остварување на стандардите поставени со Европската конвенција за човекови права и јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.

Важна алатка на оваа тема е „Прирачникот за обучувачи за Слободата на изразување“ изработен во рамките на првата фаза на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа ЈУФРЕКС, а дополнет и збогатен во рамки на втората фаза на проектот. Прирачникот содржи најдобри пракси и клучни принципи за слободата на изразување, нејзини ограничувања, балансирање на правото на приватност и правото на слобода на изразување, позитивни обврски на државите, соодветни студии на случаи и практични вежби. Локалната експертка во име на Академијата за судии и јавни обвинители и меѓународниот експерт од Советот на Европа, ја водеа обуката и охрабруваа богата дискусија и размена на мислења и искуства помеѓу учесниците/чките.

Овој настан е организиран во рамки на Договорот за грант со Академијата за судии и јавни обвинители како дел од проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“. Овој проект е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II која им овозможува на корисниците да ги спроведат реформските планови во областите човекови права, владеење на правото и демократијата, и да се усогласат со европските стандарди, вклучително, о потреба, во рамки на процесот на проширување на ЕУ.

СКОПЈЕ 4-5 НОЕМВРИ 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page