Back Партнерите и корисниците во борбата против трговија со луѓе ја потврдуваат нивната соработка за унапредување на борбата против трговијата со луѓе во Северна Македонија

СКОПЈЕ, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2 ЈУЛИ 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Партнерите и корисниците во борбата против трговија со луѓе ја потврдуваат нивната соработка за унапредување на борбата против трговијата со луѓе во Северна Македонија

Во Скопје се одржа третиот состанок на повеќе-агенцискиот Управен одбор на проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“. Претставници од Делегацијата на ЕУ, Министерството за социјална заштита, демографија и млади, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи и од граѓанските организации (ГО) разговараа за тековните достигнувања и се договорија за главните интервенции во рамките на имплементацијата на проектот во 2024 година.

Клучните резултати од проектот се постигнати благодарение на партнерствата и блиската соработка со јавните институции и ГО за борба против трговијата со луѓе. Затоа, целта на состанокот беше да се формира форум за да се слушнат различни мислења во однос на спроведувањето на проектот,  и да се создадат синергии во однос на процесот на планирање и целите што треба да се постигнат до крајот на 2024 година, за унапредување на превенцијата и борбата против трговијата со луѓе во Северна Македонија. Во текот на својата работа, проектот се фокусираше на градење на капацитетите на трудовите инспектори, полициските службеници, социјалните работници, новинарите и граѓанските организации со цел спречување и борба против трговијата со деца и трговијата со луѓе за трудова експлоатација, преку примена на интерактивни методи.

Во изминатиот период проектот ги унапреди истражувањата во областа на борбата против трговијата со луѓе. Истражувањата нарачани од проектот, во областа на ИКТ и трговијата со луѓе, за спречување на трговија со деца со цел питачење, трудова експлоатација и принуден брак и грижа за деца жртви на трговија од страна на згрижувачки семејства, како и Легислативна проценка на пристапот до бесплатна правна помош за жртвите на трговија со луѓе, претставуваат добра основа за креирање и спроведување на разновидни активности усогласени со планираните исходи на проектот. Учесниците ја вреднуваа важноста на знаењето и алатките на Советот на Европа во областа. Во овој контекст, проектот ќе продолжи да организира активности за градење капацитети за полициски службеници, специјалисти за детска заштита, социјални работници, адвокати и претставници на НВО. Обуките ќе опфатат важни теми како што се информатичките технологии и трговијата со луѓе, пристапот до бесплатна правна помош и компензација за жртвите на трговија со луѓе и градење капацитети за згрижувачки домови за жртви на трговија со деца. Исто така, ќе ја зајакне соработката со други меѓународни организации кои ги поддржуваат напорите на владата против трговијата со луѓе.

Проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.