Работата во оваа област се фокусира на промовирање на слободата на изразување и слободата на медиумите во согласност со европските стандарди. Таа е насочена кон правните професионалци (судии, обвинители, адвокати), полициските власти, регулаторните тела за медиуми и владините тела задолжени за законодавството за медиуми и прашања поврзани со новинарството, како и медиумските актери (новинари, здруженија на новинари, тела за саморегулација, студенти на право и новинарство и други медиумски организации). Темите за заштита на податоците и пристапот до информации од јавен карактер се од особен интерес во рамките на темата заштита на слободата на изразување и на медиумите.

Back Студент(к)и од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје го унапредија своето знаење во делот на слободата на изразување

Студент(к)и од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје го унапредија своето знаење во делот на слободата на изразување

На Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември 2021 година, во рамки на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ се одржа онлајн предавање за студент(к)и од мастер програмите на меѓународно, кривично и деловно право со наслов „Меѓународни стандарди за дефинирање на говорот на омраза како кривично дело и неговата (зло)употреба како (не)вообичаен бизнис модел“.

Акцентот на предавањето беше на членот 10 од ЕКЧП, согласно кој секој има право на слобода на изразувае. Ова право подразбира право на мислење, слобода на примање и споделување информации и идеи, без мешање на јавните власти и без разлика на границите. Сепак, уживањето на овие слободи со себе носи должности и одговорности кои може да се предмет на формалности, услови, ограничувања и казни пропишани со закон, и согласно потребите во едно демократско општество. Конкретниот фокус на предавањето беше на говорот на омраза и меѓународните стандарди согласно кои се дефинира како кривично дело, како и неговата употреба т.е. злоупортеба како бизнис модел од страна на медиумите.

Студент(к)ите активно учествуваа на предавањето и оваа можност ја искористија за да го унапредат своето знаење на темата. Активностите со Правниот факултет ги мотивираат студент(к)ите дополнително да истражуваат и да ги прошират своите знаења за европските стандарди во областа на слободата на изразување и како идна генерација професионалци/ки да бидат добро подготвени и да го применуваат своето знаење во нивните професионални кариери.

Ова онлајн предавање беше организирано во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“. Овој проект е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, која им овозможува на корисниците да ги спроведат реформските планови во областите човекови права, владеење на правото и демократијата, и да се усогласат со европските стандарди, вклучително, по потреба, во рамки на процесот на проширување на ЕУ.

 

 

Северна Македонија 10 декември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page