Back Подобрување на состојбата и правата на жртвите на трговија со луѓе во судските постапки во Северна Македонија

Подобрување на состојбата и правата на жртвите на трговија со луѓе во судските постапки во Северна Македонија

Начини за поддршка и подобрување на положбата и правата на жртвите на трговија со луѓе во судските постапки во Северна Македонија беа споделени и дискутирани со судии, обвинители, адвокатите и криминални истражители кои во моментот се запишани во Програмата за едукација за човекови права (HELP) за борба против трговија со луѓе , спроведена во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора на Република Северна Македонија. Дискусиите беа водени врз основа на резултатите од истражувањето на политиките за состојбата и правата на жртвите на трговија со луѓе во судските постапки, спроведени од заедничката акција на ЕУ и Советот на Европа за „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“. Студијата заклучува дека има потреба домашното законодавство да се усогласи со европските стандарди со воведување на важни процедурални заштитни мерки за деца жртви на трговија со луѓе, обезбедување пристап до бесплатна правна помош, како и предвидување мерки за заштита од секундарна виктимизација. Покрај тоа, во истражувањето се смета дека судовите треба да наметнат ефективни, пропорционални и обесхрабрувачки санкции за сторителите и дека нацрт-законот за државно обесштетување за жртвите од насилни кривични дела треба да се донесе без дополнително одложување.

Подобрување на положбата на жртвите во судската постапка, е во фокусот на помошта што Советот на Европа ја обезбедува на земјите-членки што доведе до значајни достигнувања во законодавството и практиката на земјите-членки. Неколку конвенции, вклучувајќи ја и Конвенцијата за акција против трговија со луѓе, ги зајакнаа стандардите во овие области, но статусот на жртвите на трговија со луѓе во кривични и граѓански постапки сè уште бара внимание од локалните власти.

Проектот за "Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија" е дел од заедничката програма Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција II, финансирана од Европската унија и Советот на Европа и имплементирана од страна на Советот на Европа.

 

25 јуни 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page