Back Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска ја поддржа кампањата против говор на омраза „Блокирај ја омразата. Сподели љубов! “ која беше промовирана денес во Скопје

Соопштение за јавност
Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска ја поддржа кампањата против говор на омраза „Блокирај ја омразата. Сподели љубов! “ која беше промовирана денес во Скопје

Препознавањето на омразата во нашето општество е првиот чекор за борба против истата како и да нé освести дека дури и најмалите гестови или постапки во нашиот секојдневие се важни за да се обезбеди толеранција и почитување, и да се дојде до крајната цел, а тоа е мир и помирување во нашето општество...“ Токму ова пеше поентирано денес во Скопје, на почетокот на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубовта!“, која е фокусирана на борбата против говорот на омраза.

Каталин Тамус, раководител во Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје им посака добредојде на учесниците и ја истакна континуираната поддршка на властите во нивните напори за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза особено за најранливите заедници во нашето општество. „Оваа кампања има за цел да ја подигне свеста за различните форми на говор на омраза кои се насочени кон одредени заедници и поединци во македонското општество, како и да промовира различни начини на борба против говорот на омраза, првенствено преку ширење позитивни пораки и став на прифаќање и почитување на различности“, нагласи Тамус.

Во своето обраќање,  сопругата на претседателот Пендаровски,  Елизабета Ѓоргиевска посочи  дека единствениот адекватен одговор на омразата кон различноста е почитување на достоинството на различните со што на дело ја блокираме омразата и ја споделуваме љубовта разбрана како грижа за вроденото достоинство на ранливите. „Верувам дека тоа може да се постигне само со одговорно користење на слободата на говорот. Ниту едно човеково право не е исклучиво, туку е споделено. Правото за едниот е право и за другиот и споделена обврска за сите членови на општеството“, рече г-а Ѓоргиевска.

Во своето обраќање, Фрик Јанмат, Раководител за операции за економски развој, владеење на правото и јавна администрација во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, ја истакна неодамнешната иницијатива на Европската комисија „Комуникација до Европскиот парламент и Советот“, за проширување на листата на ЕУ за злосторства од говор на омраза и кривични дела од омраза, и на тој начин овозможуваат ефективен и сеопфатен казнено-правен пристап кон овие појави на ниво на ЕУ, заедно со доследна заштита на жртвите на таквите дела. „Како и да е, говорот на омраза и кривични дела од омраза треба да се решат и преку превенција преку препознавање на овие опасни појави. Затоа, и засегнатите страни и граѓаните, младите и возрасните, можат да се соединат во решавањето на овие прашања, почнувајќи од соработка, образование и подигање на свеста, повторно воспоставување дебатна култура која се заснова на меѓусебно почитување и преку размена на аргументи и контра-аргументи, почитување на човечкото достоинство, прифаќање на различностите...“, нагласи Jанмат

Претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Северна Македонија, Весна Бендевска, истакна Поракта на оваа кампања треба да допре до секој граѓанин, посочувајќи на реалната опасност од говорот на омраза што е се поприсутен меѓу нас во сите сфери на живеењето, особено на социјалните медиуми. Токму затоа оваа кампања е насочена кон говорот на љубов, бидејќи љубовта е чин на одобрување, не дискриминација, прифаќање и толеранција без разлика на раса, етничка, религиска, политичка или сексуална припадност. Не се сите видови дискриминатроски активности предизвикани од говор на омраза, но речиси секој говор на омраза се базира на дискриминација.

Во своето излагање, Филип Поповски, генерален секретар на Фудбалската федерација на Северна Македонија кој се приклучи на кампањата, ја нагласи важноста на борбата против говорот на омраза во секое поле на општеството, вклучително и спортот. „ФФМ преку својата платформа ја нагласува нашата цврста заложба за славање на инклузивноста и различноста. Нашата игра зближува различни националности и вероисповеди. Тоа значи ширење на пријателство, еднаквост и промовирање на здрав начин на живот и спортска култура. Ги охрабрувам сите млади и повозрасни активно да се вклучат во кампањата и да ја пренесуваат пораката на овој проект за присуство на мирот, пријателството и еднаквоста на спортските терени, како и во секојдневниот живот, “ заклучи тој.

Кампањата „Блокирај ја омразата. Споделете ја љубовта!“ има за цел да ја подигне свеста за различните форми на говор на омраза насочена кон одредени заедници и поединци во македонското општество и начините за борба против него. Во текот на следните месеци ова движење за подигање на свеста ќе се прошири „онлајн“ преку веб и каналите на социјалните медиуми, како и преку јавните настани. Кампањата ќе вклучи истакнати јавни личности, важни институции и клучни активисти за човекови права, кои ќе промовираат различност и еднаквост во локалните заедници и во регионот, преку лични раскажувања, сведоштва и размена на позитивни пактики.

Познати јавни личности од Северна Македонија се јавија за поддршка на оваа кампања како амбасадори за борба против говор на омраза меѓу кои: Луљета Адеми - граѓански активист; Денис Јанкуловски - медицински работник и Европеец на годината 2021 година; Силвана Мучиќ Плевнеш - позната пејачка и дел од популарната група Силви Бенд, Огнен Јанески – ТВ водител и активист за човекови права; Бесфорт Идризи - актер; и младата европска амбасадорка Дона Срдиќ. Тие имаа можност да ги споделат своите пораки за време на почетокот на настанот и го кренаа својот глас за слободно општество без омраза и дискриминација.

Кампањата се спроведува во рамки на проектот „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија”, кој е дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа, Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022".

Скопје 20 декември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page