Back Усогласување на законодавството за укажувачи во Република Северна Македонија со меѓународните стандарди

Усогласување на законодавството за укажувачи во Република Северна Македонија со меѓународните стандарди

Нацрт техничкиот документ за усогласување на законодавството за укажувачи со важечките меѓународни стандарди, беше презентиран и дискутиран преку видео конференција, со клучни претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата, Министерството за правда, експертот ангажиран од страна на Советот на Европа, како и претставници  Секретаријатот на Советот на Европа. Документот беше подготвен во рамките на Проектот против економски криминал во Република Северна Македонија, кој е дел од иницијатива за соработка на Европската унија и Советот на Европа и во рамките на Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција, и истиот нуди компаративна анализа на законодавството за укажувачи наспроти меѓународните стандарди и дава клучни препораки за подобрување. За време на дискусијата учесниците имаа можност да споделат важни повратни информации и коментари со цел подобро прилагодување на препораките кон контекстот на земјата и потребите за реформи.

Добиените повратни информации ќе бидат одразени во техничкиот документ и ќе бидат понатаму дискутирани со пошироката јавност за време на работилницата која се очекува да се одржи во јуни 2020 година.

Иницијативата за соработка на Европската унија и Советот на Европа, Проект против економски криминал во Република Северна Македонија, има за цел да ги поддржи клучните корисници и засегнати страни во понатамошното усогласување на националното законодавство со меѓународните стандарди, особено со  Council of Europe Recommendation CM/Rec (2014)7 и најновата EU Directive за заштита на укажувачите и најдобрите практики.

За време на средбата беше разговарано и со претставничката од Министерство за правда за развојот на идното Упатство за проценка на  влијанието на регулативата на предложените измени во законодавството за укажувачи.

 

 

 

 

Videoconference 4 / 5 / 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page