Back ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ - „Обезбедување на Бесплатната Правна Помош во Северна Македонија“

Наменета за претставници од овластените правни клиники и здруженијата на граѓани
Северна Македонија 1 Февруари 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ - „Обезбедување на Бесплатната Правна Помош во Северна Македонија“

Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје со поддршка на проектот За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“„ којшто е дел од програмата Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција (фаза III) кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа, организира Обука на обучувачи на тема „Обезбедување на бесплатна правна помош во Северна Македонијанаменета за претставници од овластените правни клиники и овластените здруженијата на граѓани.

Обуката ќе се одржи со физичко присуство (локацијата ќе биде дополнително утврдена) во Република Северна Македонија од 15 – 19 април 2024 година (5 консекутивни дена). Насоките за започнување на обуката ќе бидат навремено доставени до сите учесници со детални инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на обуката.

Услови за пријавување на обуката

Услови за претставници од правните клиники

Услови за претставници од здруженијата на граѓани

  1. Правната клиника да е запишана во Регистарот на правни факултети овластени за давање на примарна правна помош;
  1. Лицето кое се пријавува треба да биде од редот на соработничкиот и наставниот кадар на факултетот, и да било вклучено во работата на правната клиника;
  1. Здружението да е запишано во регистарот на здруженија овластени за давање на примарна правна помош;
  1. Лицето кое се пријавува да има работно искуство со работа на бесплатна правна помош најмалку 5 години;
  1. Лицето да е дипломиран правник со положен правосуден испит;

*Бројот на лица кои се пријавуваат од иста правна клиника/здружение на граѓани не е ограничен

По комплетирање на обуката, најдобрите кандидати кои успешно ја завршиле обуката ќе бидат ангажирани да спроведат низа на каскадни обуки за студенти и вработени во овластени здруженија на граѓани на тема „Обезбедување на бесплатна правна помош“.

Рокот за регистрација на заинтересираните кандидати за горенаведената обука е до 20 февруари 2024 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: [email protected], со испраќање на свое CV.

*Напомена:

Услов за успешно комплетирање на обуката, добивање на сертификат за обучувач и понатамошно ангажирање за каскадните обуки е континуирано присуство во текот на предвидените 5(пет) дена.

Патните трошоци и сместувањето ќе бидат покриени од страна на организаторот.