Back Конституирана државната комисија за надоместок за жртви од кривични дела со насилство

Скопје 29 февруари 2024 г
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Конституирана државната комисија за надоместок за жртви од кривични дела со насилство

Државната комисија за надоместок за жртви од кривични дела со насилство во Северна Македонија беше основана со цел да се даде поддршка на жртвите од кривични дела со насилство, вклучувајќи ги жртвите на трговија со луѓе, преку доделување на државен надоместок во висина до 5.000 евра за претрпена неправда. Ова претставува важен исчекор напред кон обезбедување подобра заштита на човековите права за жртвите на кривични дела со насилство, како и во борбата против трговијата со луѓе во Северна Македонија.

Од 2017 година, заедничкиот проект на ЕУ и на Советот на Европа против трговија со луѓе во Северна Македонија ги поддржува властите и граѓанските организации во овозможување на пристап кон државен паричен надоместок на жртвите на трговија со луѓе, преку обезбедување експертска поддршка за Законот за паричен надоместок за жртви на кривични дела со насилство, залагајќи се за усвојувањето на законот, поддржувајќи ја подготовката на подзаконските акти и обезбедувајќи информативни материјали за барателите на државен надоместок.

Конвенцијата за акција против трговија со луѓе на Советот на Европа, дефинира дека членовите треба да воспостават јасна рамка за пристап до надоместок, вклучувајќи и државен надоместок за жртви на трговија со луѓе. Овој важен напредок се случи откако телото за мониторинг – Групата на експерти за акција против трговија со луѓе во својот трет извештај за евалуација ја нагласи потребата од усвојување на неопходни законодавни и административни мерки во однос на обезбедување ефективно спроведување на Законот за паричен надоместок за жртви на кривични дела со насилство, како еден од приоритетите на властите во борбата против трговијата со луѓе.

На својата прва сесија, Комисијата го разгледа својот Деловник за работа, кој беше подготвен со поддршка на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа за борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија.

Комисијата е составена од судија од Врховниот суд, јавен обвинител, психијатар, претставник на Министерството за труд и социјална работа и претставник од НВО „Отворена Порта“, со четири годишен мандат.

Проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент III за Западен Балкан и Турција 2022 – 2026“, иницијатива за соработка ко-финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа, која за цел има да им помогне на земјите-кориснички од Југоисточна Европа во исполнување на стандардите на Советот на Европа и правото на Европската Унија во рамки на процесот за проширување.