Back 46 трудови инспектори во Северна Македонија го подобрија своето знаење за спречување на дискриминација и принудна работа

46 трудови инспектори во Северна Македонија го подобрија своето знаење за спречување на дискриминација и принудна работа

По двете успешни обуки со трудовите инспектори во јуни, се продолжи активноста за градење на капацитетите за спречување на дискриминација на работното место и принудната работа со 46 трудови инспектори во Скопје и Гевгелија. Трудовите инспектори имаа можност да ги подобрат своите знаења за заштита од дискриминација на работното место со фокус на јавниот сектор и ранливите групи, особено на Ромите.

Тие, исто така, научија повеќе за разликите помеѓу трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација, принудната работа и дискриминацијата на работното место. За поголемиот дел од учесниците, оваа обука претставуваше прва можност да се запознаат со антидискриминациското законодавство и институционалната рамка за заштита од дискриминација на работното место, вклучително и родовата перспектива за спречување на дискриминација. Интерактивните методи на обука заедно со практични вежби поттикнаа дискусии и суштинско учење на учесниците.

Јасна Оровчанец Арангеловиќ, експерт за антидискриминација, ги презентираше клучните информации за правната рамка за спречување на дискриминација и даде преглед на различните заштитни механизми и алатки на располагање на граѓаните кои се соочуваат со дискриминација. Учесниците добија можност да разгледаат и неколку практични примери и да разговараат за повеќе случаи на дискриминација.

„Потребно е вклучување на родовата перспектива во сите акции, сите процеси во областа на работни односи. Потребно е физички да се вклучат мажи и жени на работните позиции, но и да се земат предвид нивните специфични потреби и интереси. Ранливите групи мора да имаат еднакви права и еднаков пристап до пазарот на трудот“ – истакна Анкица Томиќ, експерт за родови прашања од Регионалната иницијатива за миграции, азил, бегалци (MARRI), која го пренесе знаењето за родовиот концепт, родовата перспектива на работното место и заштитата од родова дискриминација на работното место преку проактивна дискусија и практични вежби.

Фасилитаторите на програмата ROMACTED фаза II, Џенгис Бериша, Фатма Бајрам Аземовска, Алмира Кагури и Фирдеза Зекирова го претставија Антициганизмот како специфична форма на расизам и дискриминација на Ромите. Антициганизмот е историски конструиран, постојан комплекс на вообичаен расизам против општествените групи идентификувани под стигмата „циган“ или други сродни термини. Фасилитаторите од втората фаза на програмата ROMACTED го потенцираа пристапот на Ромите до вработување и бариерите со кои се соочуваат на нивното работно место. Исто така, беа презентирани и афирмативните мерки донесени од страна на државата како и недостигот на мерки на контролен механизам за да се спречи злоупотребата на афирмативните мерки и да се обезбеди нивно целосно уживање. Сесијата беше завршена со видео презентација на лични приказни на Роми кои ги споделија нивните бариери за пристап до вработување.

Меѓународниот експерт за трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, Клара Скриванкова, го објасни континуитетот на експлоатација кој се движи од мали прекршувања на трудовото право до трговија со луѓе за трудова експлоатација. Таа поттикна дискусија со трудовите инспектори преку голем број практични примери за разликување на повредата на работничките права од принудната работа и убедливи аргументи преку примена на релевантни индикатори за принудна работа.

Обуките беа спроведени заеднички со акциите „Превенција и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“ и „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“ во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, во соработка со програмата ROMACTED фаза II “Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво”.

 

 

 

Гевгелија и Скопје 26-28 септември
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page