Back Зајакнување на правните професионалци/ки од Северна Македонија за заштита на новинар(к)ите и на слободата на изразување

Гевгелија 29 март 2024 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Зајакнување на правните професионалци/ки од Северна Македонија за заштита на новинар(к)ите и на слободата на изразување

За да се поддржат принципите на слободата на изразување и заштитата на новинар(к)ите, во Гевгелија беше организирана обука за градење на капацитетите на правни професионалци/ки од различни средини, вклучувајќи суди(јк)и, обвинител(к)и и адвокат(к)и. Тие работеа заедно за време на тридневната обука кон градење на нивните капацитети како обучува(к)чи и кон усогласување на нивните практики со европските стандарди и судската пракса на Европскиот суд за човекови права.

Под водство на водечките консултант(к)и на Советот на Европа, сесиите за обука ги комбинираа актуелните студии на случај со интерактивни дискусии. Учесниците/чките навлегуваа во сложеноста на членот 10 од Европската конвенција за човекови права, истражувајќи стратегии за адресирање на основните принципи и услови за ограничување на слободата на изразување, клевета и навреда, говор на омраза и закани со кои се соочуваат новинар(к)ите додека ги поддржуваат вредностите на демократијата. Со користење на специфичната peer-to-peer методологија, правните експерт(к)и не само што ги зајакнуваат нивните капацитети како идни обучувач(к)и туку придонесуваат и за демократско општество со примена на европските стандарди за слободата на изразување и слободата на медиумите во домашниот контекст.

Во текот на 3-те дена, тие имаа можност да се опремат со подлабоко разбирање на правните принципи и практични алатки, дополнително да го пренесат своето знаење на своите колеги/шки и да го поддржат основното право на слобода на изразување, обезбедувајќи демократските вредности да останат робусни и издржливи во Северна Македонија.

Оваа активност беше организирана во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС), како дел од програмата Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција.