Back Зајакнување на капацитетите на правните професионалци/ки на тема слобода на изразување: Започна напредна обука за обучувач(к)и во Северна Македонија

Струга 3-5 јули 2024 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Зајакнување на капацитетите на правните професионалци/ки на тема слобода на изразување: Започна напредна обука за обучувач(к)и во Северна Македонија

Надградувајќи ја успешната соработка со институциите за обучување во Северна Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора на Северна Македонија, започна обука за обучувач(к)и на тема слобода на изразување наменета за правни професионалци/ки.

Оваа интензивна обука, поддржана од ЕУ и Советот на Европа, има за цел да ги опреми судиите/јките, обвинителите/ките и адвокатите/ките со најновите алатки и знаење за заштита и унапредување на слободата на изразување и безбедноста на новинар(к)ите. Под водство на меѓународни и домашни консултанти на Советот на Европа, учесниците/чките во оваа тродневна обука се вклучија во динамични дискусии и анализа на домашната пракса, како и студии на случај од Европскиот суд за човекови права.

„Ваквиот тип на обуки ни помага подобро да ја разбереме судската пракса на Европскиот суд за човекови права, и како истата да ја применуваме во домашен контекст кога одлучуваме за случаи поврзани со слободата на изразување и безбедноста на новинар(к)ите“, наведе една од судијките учеснички.

Оваа активност за градење на капацитетите ќе резултира со формирање група на добро опремени обучувач(к)и кои понатаму ќе го пренесуваат знаењето на нивните колеги/шки во соодветните институции за обучување.

Оваа обука е организирана од Одделот за соработка на слобода на изразување во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“, кој е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2023-2026“.