Back Улогата на правните клиники, како важни актери во давањето на бесплатна правна помош на граѓаните, дискутирана на Националното координативно тело во Северна Македонија

Скопје 22 март 2023 год.
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Улогата на правните клиники, како важни актери во давањето на бесплатна правна помош на граѓаните, дискутирана на Националното координативно тело во Северна Македонија

Единаесеттиот состанок на Националното координативно тело (НКТ) за спроведување на Законот за бесплатна правна помош во Северна Македонија се одржа во Скопје, на 22 март 2023 година, со цел да се дискутираат важни аспекти во однос на системот за бесплатна правна помош во Северна Македонија.

Организиран во рамките на континуираната поддршка којашто ја даваат ЕУ и Советот на Европа за подобрување на услугите за бесплатна правна помош за граѓаните во Северна Македонија, настанот собра на едно место околу 40 учесници од клучните институции на полето на бесплатната правна помош, вклучувајќи ги Министерството за правда и неговите подрачни одделенија (ПО), Адвокатската комора, адвокати, граѓански здруженија и правни клиники  овластени за давање на бесплатна правна помош. Триесет и пет вработени во подрачните одделенија на Министерството за правда исто така, имаа можност да го следат настанот од далечина.

Ана Јегиезариен, координатор на проектот од Совет на Европа, Игор Јовановски програмски менаџер во Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија и Весна Наковска, Раководител на одделението за бесплатна правна помош при Министерството за правда, ги поздравија присутните на состанокот. Тие ја нагласија важноста на Националното координативно тело како една уникатна соработка и како механизам за меѓу-институционална координација за осигурување на подобрен пристап до правдата за граѓаните.   

Голем дел од дискусиите на состанокот беа посветени на работата на правните клиники овластени за давање на бесплатна правна помош. Четири претставници од правните клиники во Битола, Штип, Скопје и Тетово имаа можност да ги презентираат нивните активности и да споделат добри практики со учесниците. Беа презентирани користа од постоењето и од работата на правните клиники за системот за бесплатна правна помош а беа идентификувани и предизвиците со коишто тие се соочуваат.  

Учесниците дискутираа за примената во пракса на членот 13, став 8 во врска со следењето на тоа дали, и во колкава мера, средствата доделени од судовите во полза на буџетот за бесплатна правна помош се рефундираат. Понатаму, се дискутираше колку е изводливо да се воспостави единствено тело за раководење со БПП коешто би преземало цел спектар на ингеренции поврзани со бесплатната правна помош (во граѓански, управни и кривични постапки) и беа наведени следните чекори коишто се планираат во рамките на проектот.

Цел на состанокот беше и да се идентификуваат давателите на бесплатна правна помош и сите чинители во оваа област, со цел натамошни обуки за примената на Законот за бесплатна правна помош. Учесниците особено дискутираа за пристапот до бесплатна правна помош за деца кои се жртви на насилство и за жртви на родово-базирано насилство.

Националното координативно тело за БПП ќе продолжи со својата работа и посветеноста на постигнување подобра координација и комуникација меѓу главните чинители во системот за бесплатна правна помош во иднина. Капацитетите на НКТ и натаму ќе се зајакнуваат за да станат целосно само-одржливи и во иднина, по завршувањето на проектот.  Во тој контекст, се дискутираа клучните предизвици со коишто се соочува НКТ во извршувањето на својата мисија. Беше даден предлог, Законот за бесплатна правна помош да даде конкретна правна основа за Националното координативно тело, со што би се регулирале неговите надлежности и состав.

Проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“  е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заедничка програма на Европската унија и Совет на Европа, имплементирана од Совет на Европа.