Back Објавена Анализа на трендовите во примената на Европските стандарди во судската пракса на македонските судови во делот на слободата на изразување и безбедноста на новинар(к)ите

Скопје 21 март 2023 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Објавена Анализа на трендовите во примената на Европските стандарди во судската пракса на македонските судови во делот на слободата на изразување и безбедноста на новинар(к)ите

Со цел да се оцени развојот на домашната судска пракса и можното влијание од претходните активности за градење на капацитетите, во рамките на Хоризонталниот инструмент, заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа, и проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“ изработена е Анализа на трендовите во примената на европските стандарди за слободата на изразување и безбедноста на новинар(к)ите. Анализата беше изработена во периодот од 15 јули до 31 октомври 2022 година, а го опфаќа периодот од 1 јануари 2016 година до 1 јуни 2022 година, и дава детален преглед на најрелевантните случаи (160 случаи – од кои 125 граѓански и 35 кривични) од домашните судови во периодот кој е предмет на анализата. Дополнително, идентификува отстапки од добропоставените европски стандарди и предлага како да се постапува по истите во иднина со цел да се постигне целосна хармонизација на домашната судска пракса.

Гледано во целост, овој документ дава солидна основа за зајакнување на слободата на изразување и слободата на медиумите така што ја олеснува работата на судството во Северна Македонија со цел обезбедување поефективна практична примена на европските стандарди на локално ниво. Оваа публикација може исто така да се смета за план за остварување на одредените цели и за домашните власти и за нивните меѓународни партнери, посебно за Советот на Европа во смисла на тоа што треба да се направи во иднина за да се зајакне имплементацијата на регионалните заштитни механизми на слободата на изразување во земјата.

Анализата е засега достапна на англиски јазик, но ќе биде преведена и достапна и на македонски јазик.