Работата во оваа тематска област се фокусира на затворите и полицијата (вклучувајќи ги и човековите права во полицијата, здравствената заштита во затворите и заштитните мерки против тортура и малтретирање), стандардите за човекови права во судството (фокусирајќи се на подобрување на примената на судската пракса на Европскиот суд за човекови права), миграциските прашања, ефикасноста на правосудните системи (со фокус на анализа на судската статистика за оптимизирање на судските администрации) и/или правна соработка (која се концентрира на зголемување на индивидуалната независност на судиите и обвинителите и одговорноста на правосуден систем).

Back Развивање на Индивидуална програма за ресоцијализација и третман на насилни екстремисти во Србија

Развивање на Индивидуална програма за ресоцијализација и третман на насилни екстремисти во Србија

Третата сесија на работната група во Србија се фокусираше на развивање методологија за Индивидуална програма за ресоцијализација и третман на насилни осудени лица екстремисти во Србија.

Работната група ја презентираше сегашната ситуација во однос на програмите за ресоцијализација и третман за оваа категорија осудени лица и ги идентификуваше главните недостатоци и празнини. Заклучокот беше дека воспоставувањето доверба  помеѓу осуденото лице и персоналот за третман е темел за нивна успешна ресоцијализација. Исто така, учесниците се согласија дека принципите на динамичка безбедност дополнети со техники за комуникација, како мотивациско интервјуирање можат значително да ја подобрат ефикасноста на процесот на оттргнување на екстремистите од насилство.

Работната група беше составена од раководни лица во затворите и персонал за ресоцијализација, претставници од Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи и состанокот се одржа на 01 октомври 2020 година како хибриден настан, имено комбинација помеѓу активност со присутни учесници и online активност.

Оваа активност беше спроведена во рамки на регионалниот проект „Зајакнување на капацитетите на пенитенцијарниот систем за адресирање на радикализацијата во затворите во Западен Балкан”, кој е дел од заедничката програма на Европската унија/Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022”, која ја спроведува Советот на Европа.

 

 

 

БЕОГРАД 2 ОКТОБАР 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
Проекти под тема 1: Зајакнување на правдата

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.