Работата во оваа тематска област се фокусира на затворите и полицијата (вклучувајќи ги и човековите права во полицијата, здравствената заштита во затворите и заштитните мерки против тортура и малтретирање), стандардите за човекови права во судството (фокусирајќи се на подобрување на примената на судската пракса на Европскиот суд за човекови права), миграциските прашања, ефикасноста на правосудните системи (со фокус на анализа на судската статистика за оптимизирање на судските администрации) и/или правна соработка (која се концентрира на зголемување на индивидуалната независност на судиите и обвинителите и одговорноста на правосуден систем).

Back Подобрување на капацитетите на јавните чинители во Северна Македонија во однос на случаи на семејно и родово-базирано насилство и случаи во кои се инволвирани деца

Охрид 15-17 мај 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Подобрување на капацитетите на јавните чинители во Северна Македонија во однос на случаи на семејно и родово-базирано насилство и случаи во кои се инволвирани деца

Тридневни активности за градење на капацитетите за пристап до правда во случаи на семејно насилство и родово-базирано насилство, како и случаи во кои се инволвирани деца, беа спроведени за вработените во подрачните одделенија и канцеларии на Министерството за правда, центрите за социјална работа и Министерството за внатрешни работи.

Обуката имаше за цел да ги подобри вештините и ефективноста на вработените во подрачните одделенија и канцеларии (ПО/ПК) на Министерството за правда (МП) и центрите за социјална работа (ЦСР), особено кога работат на случаи на семејно и родово-базирано насилство. Особен фокус во дискусиите беше ставен на подобрувањето на координацијата и соработката меѓу ЦСР, ПО/ПК и МВР.  Понатаму, една од задачите на обуката е да им се помогне на релевантните професионалци од државната администрација да добијат сеопфатен преглед на европските стандарди кои се однесуваат на правда за деца, а особено стандардите на Европскиот суд за човекови права собрани преку судската пракса против Северна Македонија (случајот на Митови, случајот на Олури и случаите на Митрова и Савиќ). Ова ќе придонесе за поуспешна и поконзистентна примена на европските стандарди во нивната секојдневна работа.

Проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заедничка програма на Европската унија и Совет на Европа, имплементирана од Совет на Европа.

Проекти под тема 1: Зајакнување на правдата

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.