Работата во оваа тематска област се фокусира на затворите и полицијата (вклучувајќи ги и човековите права во полицијата, здравствената заштита во затворите и заштитните мерки против тортура и малтретирање), стандардите за човекови права во судството (фокусирајќи се на подобрување на примената на судската пракса на Европскиот суд за човекови права), миграциските прашања, ефикасноста на правосудните системи (со фокус на анализа на судската статистика за оптимизирање на судските администрации) и/или правна соработка (која се концентрира на зголемување на индивидуалната независност на судиите и обвинителите и одговорноста на правосуден систем).

Back Подобрување на системот за бесплатна правна помош во Северна Македонија – партнерите и корисниците разговараат за идните пресвртници

Скопје 7 март 2023 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Подобрување на системот за бесплатна правна помош во Северна Македонија – партнерите и корисниците разговараат за идните пресвртници

Во Скопје се одржа првиот состанок на Управниот одбор на заедничкиот проект на ЕУ и Совет на Европа, “За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија” со цел да се дискутира за главните предизвици и да се договорат следните активности за унапредување на системот за бесплатна правна помош во Северна Македонија.

На состанокот присуствуваа претставници од Министерството за правда (МП), Адвокатската комора, Фондацијата Отворено Општество Македонија, претставници од граѓански здруженија и правни клиники овластени за давање на БПП, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија и проектниот тим за да дискутираат за моменталните предизвици во системот за БПП и да разменат гледишта за активностите планирани во рамките на третата фаза од програмата Хоризонтален инструмент.  

На состанокот беше нотирано дека како резултат на плодната соработка со корисниците и партнерите, проектот за БПП во претходната фаза од програмата имаше силно влијание на постигнувањето зајакнат пристап до правдата за граѓаните преку поддршка за оние на кои им е потребна бесплатна правна помош. Ова беше нотирано и во Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2022 година на Европската комисија и во официјалната статистика на МП. Проектот за БПП во третата фаза од програмата  (2023-2026) ќе се надоградува на резултатите постигнати во претходните години, работејќи на преостанатите предизвици во оваа област и ќе даде придонес и за спроведувањето на новата „Стратегија за реформа во правосудниот систем 2023-2027“ којашто ја подготвува Министерството за правда.

Во презентацијата за идните активности во рамките на третата фаза од програмата, особен фокус беше даден на активностите за подобрување на ефикасноста и на функционирањето на Одделението за бесплатна правна помош во МП и неговите подрачни канцеларии, на активностите поврзани со зајакнување на правните одредби за бесплатна правна помош во граѓански, управни и кривични постапки, иницијативи за градење на капацитетите и иницијативи за подигање на свеста, итн. На состанокот, исто така, беше нагласено дека проектот ќе продолжи да ги зајакнува координацијата и комуникацијата меѓу клучните чинители преку поддршка на состаноците на Националното координативно тело (НКТ) за спроведување на законот за бесплатна правна помош. Учесниците потенцираа дека е потребна натамошна соработка и особен фокус на областа на бесплатна правна помош во кривични постапки и развивањето на софтвер за назначување на адвокати по службена должност за Адвокатската комора. Овие активности ќе ги подобрат квалитетот и ефикасноста на давањето БПП за граѓаните на Северна Македонија.

Г-а Елена Јовановска-Брезоска, раководителка на оддел во Совет на Европа повтори дека Советот на Европа и натаму ќе биде посветен на поддршката на Северна Македонија во нејзините напори да ја доближи правдата до граѓаните. Во таа насока, таа им се заблагодари на ЕУ за нивната поддршка и изрази искрена благодарност до Делегацијата на Европската унија за нивното верно партнерство и финансиска поддршка, со којашто се овозможи третата фаза од програмата. Г-а Јовановска-Брезоска напомена дека конструктивната дискусија ќе го зајакне работењето со партнерите, ќе даде нови идеи за напредок на ова поле и ќе ги усогласи проектните активности со реалните потреби на корисниците.

Проектот "За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“  е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заедничка програма на Европската унија и Совет на Европа, имплементирана од Совет на Европа.

 

Проекти под тема 1: Зајакнување на правдата

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.