Back Добро обучен затворски и пробациски персонал е предуслов за успешно отргнување од насилство и реинтеграција на лицата осудени за насилен екстремизам

Добро обучен затворски и пробациски персонал е предуслов за успешно  отргнување од насилство и реинтеграција на лицата осудени за насилен екстремизам

На втората Регионална сесија на работната група на тема „Јакнење на капацитетите и обука на вработените во затворските и пробациските служби за справување со радикализацијата и насилниот екстремизам“ се дискутираше за потребите и предностите на тековните наставни програми за обука и едукација кои се применуваат во пракса во шесте земји кориснички во регионот на Западен Балкан. Овој онлајн настан, што се случи на 6-7 јули 2020 година, дополнително ги истражи ресурсите што можат да се искористат за подобрување на управувањето со персоналот и пристапите за обука во справувањето со лица осудени за насилен екстремизам (ВЕО).

Главните препораки кои произлегуваат од сесијата говорат во прилог на обезбедување на постојан процес на обука и ја потенцираат потребата од воведување на основни сесии за подигнување на свеста за радикализација и техники за идентификација на истата за сите вработени. Специјализираната обука за лицата кои работат директно со овие осудени лица и формирање мултидисциплинарни тимови е еден од главните предуслови за ефективна рехабилитација на ВЕО, додека заедничката сесија за обука на вработените во затворските и пробациските служби, каде што е можно, се многу потребни за да се обезбедат усогласени пристапи и мулти-агенциска соработка . Препораките ќе се користат во обликувањето на заедничката матрица за развој на капацитетите и обуките, применлива во сите земји кориснички на Хоризонталниот инструмент.

Оваа активност беше спроведена со помош од двајца консултанти на Советот на Европа и беше организирана во рамките на регионалната акција „Јакнење на пенитенцијарните капацитети за справување со радикализација во затворите во Западен Балкан“, што е дел од заедничката програма на Европската унија / Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022 “, спроведено од Советот на Европа.

Западен Балкан 7 јули 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page