Back Раководството на затворските институции во Северна Македонија дискутираше за потребните интервенции, по последниот извештај на Комитетот за спречување на тортура на Советот на Европа

Раководството на затворските институции во Северна Македонија дискутираше за потребните интервенции, по последниот извештај на Комитетот за спречување на тортура на Советот на Европа

Директорите на затворите и раководството на Управата за извршување на санкциите (УИС) од Министерството за правда, заедно со високите претставници на Министерството за здравство и канцеларијата на Народниот правобранител, разговараа на 12 јули во Скопје за следните чекори за адресирање на клучните предизвици на затворскиот систем во земјата.

 

Во месец мај, Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечно или понижувачко постапување или казнување (КПТ) го објави извештајот од петата редовна посета на Северна Македонија. Истакнувајќи ги постојаните структурни слабости, извештајот забележа дека се преземени одредени позитивни мерки, но сепак останува критичен за постојаниот неуспех на властите во адресирање на одредени фундаментални недостатоци на затворскиот систем.

 

Адресирањето на препораките на КПТ се гледа како приоритет од страна на сите чинители и постои широк консензус за планираните интервенции, на централно ниво како и за секоја установа посебно. Тркалезната маса даде можност за отворена дискусија и разгледување на споредбените искуства за тоа како директорите можат да ги адресираат недостатоците на затворскиот систем, како и конкретните дејствија кои треба да се преземат согласно Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем (2021-25), која се очекува да се усвои од Владата во текот на идните недели.

 

Овој хибриден настан беше организиран во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022” кој се спроведува од Советот на Европа.

Северна Македонија 13 јули
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page