Новиот ХЕЛП (HELP - Human Rights Education for Legal Professionals) курс на тема Заштита и безбедност на новинар(к)ите е сега достапен на ХЕЛП онјалн платформата.
Курсот е изработен заедно со Одделот за информатичко општествоо при Советот на Европа, во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)” имплементиран во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II“. За развој на курсот придонесоа и претставници од Платформата на Советот на Европа за Заштита на новинарството и безбедност на новинарите и Канцеларијата на Комесарот за човекови права при Советот на Европа, како и адвокат со долгогодишно искуство од Регистарот на Европскиот суд за човекови права.
Информации и цели на курсот
Слободата на изразување и слободниот тек на информации се темели на јавната дебата и демократијата. Ваквите прекршоци честопати се сторени во контекст на неказнивост што не смее да се толерира, и што придонесува кон повторување на таквите дела и има заплашувачки ефект (chilling effect) врз слободата на медиумите.
Врз основа на Европската конвенција за човекови права и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, земјите членки имаат и негативни и позитивни обврски за заштита на новинар(к)ите. Тие не само што треба да се воздржат од заплашувачки политички декларации и судски практики против медиумските чинители, туку имаат и должност активно да им овозможат целосна заштита согласно правото, и судството да креира поволна средина за нивните новинарски активности.
Овој бесплатен ХЕЛП онлајн курс има за цел да им помогне на правните професионалци/ки, но и на новинар(к)ите и органите за спроведување на законите да ги препознаат и адресираат заканите кон новинар(к)ите и другите медиумски чинители.
Структура на курсот
Курсот е со вкупно времетраење од приближно 10 часа.
Составен е од 5 практични модули.
Модул 1: Клучни стандарди и принципи
- Вовед во темата
- Слобода на изразување
- Новинар(к)и и други медиумски чинители
Модул 2: Закани по новинарството
- Закани по новинар(к)ите
- Ефекти од заканите
- Одговор на заканите
Модул 3: Правни рамки, механизми и алатки
- Правни рамки на Обединетите нации, Советот на Европа, ЕУ и ОБСЕ
- Механизми и алатки за заштита на новинар(к)ите, вклучително и Платформа на Советот на Европа за заштита на новинарството и безбедност на новинар(к)ите
Модул 4: Физички и психолошки интегритет
- Позитивни и негативни обврски на државата; практични и процедурални аспекти на обврските на државите
- Неказнивост за кривични дела против новинар(к)ите и ефекти од неказнувањето
Модул 5: Новинарство во акција
- Собирање новости: пристап до места и настани, пристап до јавни информации, заштита на изворите и укажувачите, итн.
- Објавување: практични и процедурални правни ограничувања
- Новинарството на судење
- Органите за спроведување на законите и новинар(к)ите
На крајот од секој модул има квиз и краток приказ на самиот модул.
На крајот на курсот, корисникот/чката кој/а успешно го заршил/а може да изгенерира и испечати таканаречена ХЕЛП ‘потврда за завршен курс’.
Пристап до курсот
Ажурираниот курс е јавно достапен на англиски јазик на ХЕЛП онлајн платформата. До крајот на 2020 година, курсот ќе биде достапен и на соодветните јазици за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
*Ова назначување не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на УНХЦР и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.