Back Управниот одбор на проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“ го одржа својот петти состанок

Управниот одбор на проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“ го одржа својот петти состанок

Петтиот состанок на Управниот одбор на проектот на ЕУ и Советот на Европа „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“ се одржа на 3 декември 2021 г. како хибриден настан. На состанокот организиран во соработка со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална имиграција, учество земаа 22 членови и набљудувачи кои доаѓаат од клучните институции што работат на полето на борба против трговија со луѓе, Делегацијата на ЕУ и НВО секторот во Северна Македонија. Цел на состанокот беше корисниците да бидат информирани за напредокот во спроведување на акцијата, клучните етапи на проектот за претстојните шест месеци, и да им даде можност на членовите да дискутираат за постигнатите резултати, како и предизвиците од областа на борбата со трговија со луѓе на кои допрва треба да се обрне внимание.

Воведни обраќања одржаа г-а. Магдалена Несторовска, Националната координаторка на националната комисија за борба против трговија со луѓе, г-а. Каталин Тамус, Раководителката на програми и г-а. Лејла Дервишагиќ, Оперативна директорка на програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, кои ја истакнаа важноста за исполнување на  координирани резултати во рамки на проектот како и поддршката што Советот на Европа ја обезбедува за локалните чинители кои работат на полето на борба против трговијата со луѓе во однос на усогласување со Конвенцијата за акција против трговија со луѓе во партнерство со Европската Унија.

За време на состанокот беа опфатени видливите резултати постигнати во спречување и борба против трговијата со луѓе, како и во градење на капацитетите на разните чинители во идентификување, заштита и кривично гонење на случаи на трговијата со луѓе. Предизвиците во периодот што следи вклучуваат достапна компензација за жртвите на трговија со луѓе и градење на капацитетите на професионалците од областа на здравството за детектирање, идентификување и упатување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе.

Дискусијата понатаму беше сосредоточена на потребите на корисниците и преостанатите предизвици во однос на идентификување и упатување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе заради трудова експлоатација, и помош и заштита на децата – потенцијални жртви на трговија со луѓе.

Проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западна Европа и Турција II“, која за цел има да им помогне на корисниците од Западен Балкан и Турција да ги почитуваат стандардите на Советот на Европа и законодавството на Европската Унија во рамки на процесот на проширување.

 

 

Северна Македонија 3 декември 2021 г
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page