Back Улогата на регулаторни тела за медиуми во Западен Балкан во новите медиумски парадигми

Улогата на регулаторни тела за медиуми во Западен Балкан во новите медиумски парадигми

Со цел да се развие дискусија и да се разменат гледишта за улогата на регулаторни тела во новите медиумски парадигми, беше организирана Регионална конференција на која учество земаа регулаторните тела за медиуми од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Конференцијата овозможи продолжување на дијалогот помеѓу регулаторните тела за медиуми во регионот кои се случува еднаш годиншно и дополнително ја поддржа имплементацијата на релевантните европски стандарди во делот на медиумите. Оваа година, конференцијата овозможи отворена платформа за продлабочена дискусија на тема избори, медиумски плурализам, говор на омраза, новини во напорите во борбата против дезинформациите, како и неодамнешната работа на Советот на Европа во тоа поле. Се дискутираше и за тековните европски регулаторни модели кои треба да креираат побезбеден и поотворен дигитален простор, како и за нивното влијание во регионот на Западен Балкан.

 

Конференцијата им овозможи на регулаторите од регионот да ги споделат своите искуства и мислења за важните аспекти поврзани со улогата на регулатори на медиуми, унапредувајќи ја и зајакнувајќи ја меѓусебната размена и согласувајќи се на следните чекори и меѓусебната поддршка кон подобрена слобода на медиумите во регионот.

Овој настан беше организиран од проектот Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС), дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа, Horizontal Facility II. Проектот ја промовира слободата на изразување и слободата на медиумите во Југоисточна Европа во согласност со европските стандарди.

 

 

 

* Ова назначување не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на УНХЦР и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

БУДВА, онлајн 9 -10 септември 2021 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page